fbpx

Sony сериозно напредува со развојот Vision-S моделот

Sony продолжува и бележи сериозен напредок со развојот на електричниот седан Vision-S кој првично требаше да претставува само концепт

Vision-S електричниот седан беше едно од најголемите изненадувања на CES минатата година, но од Sony истакнаа дека станува збор само за концепт и дека компанијата нема намера да го подготвува за масовно производство. Сето тоа се промени во јули кога јапонскиот конгломерат истакна дека ќе започне со тестови на патиштата со прототип верзијата кон крајот на годината.

За време на годинешното издание на CES, Sony потврди дека ги комплетираше првите реални тестови на електричниот автомобил во декември и дека продолжува со развојот на Vision-S.

Електричниот автомобил е прикажан во серијата нови видеа објавени од Sony, а во две е прикажано возењето на приватна патека и јавни патишта во Австрија. Во третото видео се прикажани повеќе детали околу тоа како Sony го дизајнирал и го развивал автомобилот. Според истото, може да се забележи дека Sony имал голем број партнери кои помагале во развојот на електричниот автомобил.

Меѓу карактеристиките кои се дел од развојот се истакнува зголемениот број на сензори во автомобилот, а освен тоа тука е и централниот инфозабавен екран кој има уникатен интерфејс кој се карактеризира со серија на апликации кои се разликуваат од традиционалните менија и подменија кои постојат во денешните автомобили.

Не е исклучено Vision-S да добие продукциска верзија

Sony исто така најавува и дека некои други додатоци се во развој, како што е контролата со гестикулации, гласовниот асистент, инфозабавен систем за патниците, бежични унапредувања и камера за мониторирање.

Во снимките исто така може да се видат и големиот број партнери кои Sony ги има за развојот на Vision-S, како што се AIMotive, Bosch, Continental, Elektrobit Automotive, Magna Steyr, Valeo, Vodafone и ZF Group.

Сето ова доведува до прашањето: Зошто компанијата вложува толку многу пари, време и ресурси во проект кој нема намера да го производува? Најочигледниот одговор е дека Sony го користи Vision-S како тест и примерок за своите автомобилски технологии. Сепак, со оглед на забрзаните развои во автомобилската индустрија деновиве со пренасочувањето кон електрификацијата, не може во целост да се исклучи опцијата дека јапонскиот гигант на крајот ќе прави продукциска верзија на автомобилот.

Поврзани вести

Back to top button