fbpx

Специјален Abarth 695 70 Anniversario во Скопје

Специјална и роденденска верзија на Abarth 695, со назнаката 70 Anniversario, пристигна во салонот на Fiat

Abarth во 2019 година, во чест на 70-годишнината на брендот, претстави специјално и роденденско издание на својот 695 модел. Ограничен во само 1.949 примероци, во чест на годината на настанувањето на брендот, Abarth 695 70 Anniversario е виситнска „џебна ракета“ и пристигнува со цел асортиман на козметички додатоци.

Ваквиот роденденски примерок, кој е еден од само 1949 примероци во светот, сега пристигна и во продажниот салон на Fiat во Скопје, а редакцијата на Авто Плус доби можност од прва рака да се запознае со специјалната верзија.

Abarth 695 70 Anniversario

Овој примерок на Abarth 695 својата моќност ја добива од препознатливиот 1,4-литарски турбо мотор со 180 КС и 250 Nm максимален вртежен момент, што е доволно да го лансира автомобилот од место до „стотка“ за 6,7 секунди, пред да достигне максимална брзина од 225 километри на час. Моделот е поставен на 17-инчни SuperSport тркала, а зад нив е Brembo сопирачкиот систем со 305, односно 240-милиметарски дискови и шапи финиширани во црвена боја.

Специјален финиш на екстериерот

Monza 1958 бојата на екстериерот е потсетник на првиот 500 Abarth кој успеа да собере вкупно шест меѓународни рекорди таа година, а овој ретро финиш е комбиниран со Campovolo сиви акценти со што се добива еден актрактивен двобоен изглед. Особен впечаток остава и специјалниот заден спојлер кој мануелно се подесува во 12 различни позиции. Овој спојлер е развиван во аеро тунел со цел од него да се извлече максимална ефикасност. Аголот на спојлерот може да се подесува од 0 до 60 степени, а зависно од позицијата, истиот може да додаде до 42 килограми потисна сила при брзини од 200 км/ч. Промените на надворешноста завршуваат со новоразвиоениот Record Monza издувен систем со активни вентили за подобар звук.

Промени има и во кабината, каде добива Sabelt седишта кои се ексклузивни за оваа роденденска едиција, како и индивидуално нумерираната плакета која потсетува дека ова не е обичен Abarth 695. Тука е и управувачот обложен во Алкантара, заедно со уште неколку спортски детали. Моделот пристигнува со поддршка за Apple CarPlay и Android Auto, DAB дигитално радио и навигациски систем за 7-инчниот екран на допир. Како дел од стандардната опрема тука е и автоматскиот клима-уред, дневните светла, LED магленки, уникатни патосници и Abarth телеметрискиот систем.

Abarth 695 70 Anniversario

Повеќе детали за роденденскиот Abarth 659 70 Anniversario се достапни на официјалниот веб сајт, или пак посетете го продажниот салон на Fiat во Скопје.

Поврзани вести

Back to top button