fbpx

Шпиунска фотка од новиот Hyundai Santa Cruz

Прототип од она што се верува дека треба да биде долгоочекуваниот пикап на Hyundai е фотографиран на паркинг во Јужна Кореа

Пред неколку недели производителот потврди дека производството ќе започне во 2021. година во фабриката во Алабама заедно со новите Santa Fe, Sonata и Elantra. Hyndai како концепт го претстави Santa Cruz уште во 2015. година на саемот во Детроит, а во меѓувреме претставниците на јужнокорејската компанија повеќе пати потврдија дека дефинитивно доаѓа и неговата сериска варијанта.

Од фотографиите на камуфлираниот прототип може да се забележи дека Santa Cruz ќе има сличности со некои од веќе постоечките модели на Hyundai. Кога станува збор за самиот дизајн, сериската верзија ќе претрпи измени во однос на концептот. Од она што може да се забележи на фотографијата, ќе добие и регуларна задна странична врата, за разлика од онаа која беше на концептот.

 Santa Cruz со голем број сличности со постоечките Hyundai модели

Santa Cruz по се изгледа ќе ја користи истата платформа како и новиот Hyundai Tucson кој пристигнува во 2020. година. Под хаубата би требало да се најде 2.5-литарски бензински мотор во комбинација со 8-степен автоматски менувач. Стандардната верзија ќе биде на преден погон, а како опција е предвидено да да се понуди и погон на сите четири тркала.

Кога станува збор за дизајнот, може да се забележи дека концептот на Santa Cruz има сличен дизајн на предните фарови како на Santa Fe и Venue. Задните странични прозорци се слични со претходните. Исто така, може да се забележи и дека ретровизорите се со вградени сигнали за вртење, а присуството на капачињата на Hyundai на тркалата помагаат да се потврди идентитетот на овој пикап.

И покрај тешката камуфлажа, може да се забележи и продолжениот стил на кабината со задните „полу-врати“ исфрлени во корист на поголема форма на двојна кабина со соодветна задна врата како што е напоменато погоре, што дава полесен пристап до задните седишта.

Во моментов маската спречува подобро да се согледа дизајнот на Santa Cruz. Некои од насоките според кои ќе изгледа дизајнот на новиот пикап на Huyndai може да бидат отфрлени од производната верзија, но во секој случај ќе мораме да почекаме за нови шпиунски фотки со помалку маскирани прототипови.

 

Поврзани вести

Back to top button