Замислете ги спортските автомобили како SUV изданија
Дизајнерско студио NeoMam и сајтот Jennings малку си поиграа со имагинацијата
Дизајнерско студио NeoMam и сајтот Jennings малку си поиграа со имагинацијата и поставија прашања: што би се случило ако некои од најпознатите икони од спортската автомобилска свера облечат SUV костум? За да изгледаат како теренци, на модерните автомобили дури не им треба двоен пренос. Со неколку дополнителни пластики и незначително зголемување на клиренсот, овие експерти сметаат дека и најобичен градски хечбек ќе наликува на кросовер.
Дизајнерско студио NeoMam и сајтот Jennings навистина си поиграле со фантазијата и рака на срце она што го пласираат изгледа фасцинирачки атрактивно и привлечно, а на нивниот список се:
BMW i8
Aston Martin V12 Vantage
Alfa Romeo 4C
Ford Mustang
Honda NSX
McLaren 720S
Chevrolet Camaro ZL1
Ferrari 488