fbpx

SsangYong го лансира Korando e-Motion, доаѓаат и други два модели

Корејскиот производител SsangYong вложува сериозни напори за да остане во чекор со конкурентите со забрзување на развојот на нови возила

SsangYong се подготвува за лансирањето на два нови целосно електрични возила – еден SUV и еден пикап модел, се со цел да го задржи чекорот со конкуренцијата кога станува збор за развојот на нови модели кои користат алтернативни извори на енергија. Поради тоа, дизајнерските и инженерските оддели на компанијата работат пасионирано за создавање на нови возила.

Во согласност со сето ова, производителот го најави својот прв целосно електричен модел, а станува збор за Korando e-Motion, кој треба да пристигне во Европа во август, а во Велика Британија кон крајот на 2021 година. Производството е веќе започнато, но недостигот на полупроводници доведе до мало одложување на лансирањето на автомобилот.

Според информациите, Korando e-Motion поседува електромотор со 192 КС и 61,5 kWh литиум-јонска батерија која овозможува опсег на движење од 420 километри и максимална брзина од 152 километри на час. Исто така, јасно е дека е базиран на конвенционалниот Korando со неколку дизајнерски промени како што е прекриена предна решетка, редизајнирани браници и ред други работи карактерстични за електричните возила, со што ќе се нагласи карактерот на возилото и ќе ја унапреди аеродинамичната ефикасност.

Вториот електричен SUV доаѓа во 2022

Вториот електричен SUV од SsangYong ќе пристигне подоцна и ќе биде поставен под поголемиот Rexton. Овој модел го има кодното име J100, а од официјалните цртежи може да се забележи и неговиот дизајн. Конкретниот електричен SUV се очекува да биде лансиран во 2022 година, а по него ќе пристигне целосно електричен пикап.

SsangYong

Трите нови електрични возила ќе ја комплементираат поставата на модели со мотор на внатрешно согорување на SsangYong како што се Tivoli, Korando, Musso и Rexton.

Покрај лансирањето на ваквите возила „со цел да ги пресретнат идните побарувања на меѓународниот автомобилски пазар“, од SsangYong истакнуваат дека ова е план „со кој ќе се осигура опстанокот на автомобилскиот пазар кој рапидно се менува и со ова ќе се достигне идниот раст“.

Поврзани вести

Back to top button