fbpx

SsangYong Tivoli со нов 1.2 GDi мотор за Европа

SsangYong го претстави рестилизираниот Tivoli кој пристигнува со нов 1,2-литарски бензински турбо мотор наменет за европскиот пазар

Четири години по премиерата, SsangYong Tivoli мина низ фаза на рестилизација и освен со 1,6-литарскиот дизел мотор започнува да се нуди и со нов 1.5 GDi турбо бензински агрегат, кој што е првиот бензински мотор со принудително полнење на SsangYong. Сега, гамата на мотори е дополнета и со новиот 1.2 GDi турбо агрегат, што го покажува стремежот на марката да се адаптира брзо кон промените на пазарот.

Поради карактеристиките на Европскиот пазар на компактни SUV автомобили, масовните модели се со мотори со работна зафатнина од 1.0, или 1.2 литри, кое што ја отежнува директната конкуренција поради разликата во работниот обем. Како одговор на ова SsangYong Motor Company со цел да ја запази конкуретноста во Европа создава нов помал мотор за Tivoli.

SsangYong Tivoli

Tivoli му овозможува на својот сопственик интелигентно возење, брилијантен дигитален интерфејс, современа технологија за контрола на движењето, комплетно обновен внатрешен и надворешен дизајн, како и задоволство и сигурност за време на експлоатацијата.

Надворешен дизајн

Со додавање стилски елементи на конвенционален SUV на претходниот изглед на моделот, надворешниот дизајн на автомобилот добива монументален изглед, а изобилната употреба на LED елементи во светлата го комплетира неговиот иновативен изглед. Новите LED светла и фарови за магла ја акцентират класата и функционалноста на Tivoli. Интегрираните браници, хармонично слеани со светлата и петтата врата му даваат на автомобилот индивидуалност и спортски возбудлив изглед.

SsangYong Tivoli

Во зависност од изведбата на моделот, на располагање се 16″ челични, 16″ и 18″ челични и алумински и 18″ “black diamond” бандажи. Кон палетата на бои на моделот, по фејслифтот се додадени боите Platinum Gray и Cherry Red, за да ги задоволат различните барања на пазарот.

Кога станува збор за внатрешниот дизајн, Tivoli претрпе радикални и иновативни промени, за да понуди комфор и најмодерни технологии. Во суштина, централната конзола на арматурната табла е комплетно променета. На располагање се кожни седишта во црно, двобојно бордо и светло сиво. Формата и користените материјали на спортските седишта на Tivoli се со одлична ергономија и обезбедуваат стабилна позиција на возачот при движење и во кривини благодарејќи на потпирачите од пена.

Исто така, благодарение на оптималниот дизајн и широчината од 1,810 мм, подобрени се комфорот на патниците и полезниот обем во ентериерот. Широчината е поголема од онаа на директните конкуренти во класата и обезбедува доволно простор за максимален комфор на предните и задни седишта. Товарниот обем од 427 литри исто е водечки во однос на конкурентите во класата.

Нов мотор за европскиот пазар

Благодарение на значителното искуство на SsangYong’s во конструирањето на бензински мотори, новиот 1.2 литарски GDi-Турбо мотор е силен и истовремено еколошки, тивок и се одликува со рафинирана работа, и може да биде соединет со 6-степен механички менувач. Опционално се нуди варијанта со 2 погонски тркала и Start-Stop систем.

1.5 литрарскиот турбо бензински мотор на SsangYong’s постигнува импресивна максимална сила од 163кс и пристигнува со автоматски менувач. 1,6-литарскиот дизел мотор е исто така со подобрени карактеристики и испорачува максимална моќност од 136 кс.

Шест-степената автоматска трансмисија AISIN AW GEN III (3-та генерација), вградувана во многу модели на водечки марки, како Volvo, Peugeot и Mini е адаптирана за овој автомобил. Соработката на моторот со одличната и сигурна трансмисија резултира во брзо и непречено менување на степените на пренос и исклучително задоволство при возењето.

Tivoli нуди 3 режима на движење, оптимизирани за различни услови. Тоа се Normal: нормален режим – за тивко и ефективно префрлање на степените, потоа Sports: оптимален режим при спортско возење и потреба од максимална сила, и Winter: за безбедно поаѓање и движење на лизгав пат во зима.

Подобрувања во внатрешноста

SsangYong Tivoli пристигнува и со подобрена цврстината на панелите на каросеријата и изолацијата. Предното и задно потпирање се во четири точки и со динамични амортизери. Кога станува збор за безбедноста и системите за асистенција, Tivoli го доби и вградениот систем “Deep control” е помошен систем од најнова генерација, кој што ги спречува инцидентите со посредство на 13 различни функции и осигурува водечка безбедност за оваа класа на автомобили.

SsangYong Tivoli

Tivoli пристигнува со светол дигитален интерфејс, блескав кокпит со 10.25-инчен дигитален екран и 9 инчен AVN екран како дел од инфозабавниот систем кои придонесуваат за чувството на најмодерни технологии, а тука е и конективноста со Apple CarPlay и Android Auto. Аналогната инструмент табла е заменета со 10.25-инчна дигитална табла за прв пат во оваа класа автомобили. Новата инструмент табла дозволува достап до богата информација и контрола на различни системи, вклучително предупредувања и информација при возење и репродукција на медии со графика со висока резолуција.

Поврзани вести

Back to top button