fbpx

SSC ќе ја покаже надградената Tuatara на Пебл Бич

Компанијата од Северна Америка SSC, ќе ја претстави обновената и подготвена за сериско производство хипер изведба Tuatara за време на автомобилската недела, која секоја година ѕтадиционално се одржува во Пебл Бич, во Калифорнија

Според претставниците на компанијата, хипер моделот ќе биде од сосема нова генерација, која ќе се одликува со „неверојатен коефициент на квалитет”, како и со карактеристики за врвни возни својства. Од компанијата тврдат дека Tuatara лесно би можела да го подобри сегашниот рекорд за брзина кој изнесува е 457,94 km/h и припаѓа на Koenigsegg Agera RS.

Tuatara се потпира на 6.9-литарски V8 мотор со две турбини со 1.378 КС и 1.733 Nm вртежен момент.

Tuatara

Ова и овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за околу 2,5 секунди и растојание од ¼ милја за 9,75 секунди. Дизајн ќе биде многу близок до концептниот модел. Разликите ќе бидат во задниот браник и цевките во вид на триаголник на издувниот систем. Целосни детали за моделот ќе бидат обезбедени за време на настанот, кој ќе се одржи од 18 до 26 август.

Tuatara

Поврзани вести

Back to top button