fbpx

Stellantis го најави првиот целосно електричнен Jeep

Првиот целосно електричен SUV на Jeep се појави пред јавноста на специјалниот настан на Stellantis за иднината на овој автомобилски гигант

Извршниот директор на Stellantis, Карлос Тавареш, ги покажа првите фотографии од целосно електричниот и се уште неименуваниот SUV на Jeep кој ќе се појави во продажните салони во Европа кон почетокот на 2023 година. Фотографиите беа прикажани за време на презентацијата на која Тавареш ги објави плановите на Stellantis за лансирање на 75 различни електрични возила до 2030 година.

Сепак, Тавареш не откри никакви технички детали за новиот мал електричен Jeep SUV, но од фотографиите кои се прикажани, може јасно да се видат интенциите на овој автомобил. Истиот се одликува со извајан, кросовер стајлинг со широки сводови над тркалата, затворена решетка со препознатлив Jeep дизајн на кој се наоѓа малата буква „е“ и мат црната хауба.

Stellantis Jeep

Новата генерација на STLA Small архитектура на Stellantis, која би можела да биде базата на овој автомобил, е се уште далеку од реализација, па возможно е новиот автомобил да биде изграден на модифицирана верзија на е-CMP електричната платформа развиена од PSA.

Stellantis станува целосно електричен бренд во Европа до 2030

За време на презентацијата на Dare Forward 2030 стратешкиот план за следната деценија, Stellantis најави дека сите негови брендови ќе станат целосно електрични во Европа до 2030, поставувајќи си и цел за карбонска неутралност на глобално ниво до 2038.

До крајот на деценијата, Stellantis планира да надмине 5 милиони продадени електрични возила, нудејќи повеќе од 75 ЕВ модели на пазарот како дел од лансирањето на 100 нови производи меѓу 2022 и 2030. Производителот сака електричните модели да сочинуваат 100 проценти од продажбата во Европа и 50 проценти од продажбата во САД кај сите Stellantis брендови. Компанијата додаде дека исто така таргетира намалување на CO2 емисиите за 50 проценти до 2030 година, пред да достигне нула до 2038.

„Нашето патешествие е засилено преку фокусот на иновации и инженерска врвност која ќе ги стави најнвоите технологии во нашите возила – од најпристапните, па се до високоперформансните и луксузните. Нашата цел е да станеме број еден кога станува збор за задоволството на клиентите за нашите произоводи и услуги на секој пазар“, изјави извршниот директор на Stellantis, Карлос Тавареш.

Иднината на групацијата

И покрај трошоците поврзани со електрификацијата, Stellantis има за цел да ги удвои своите приходи на 300 милијарди до 2030 година и да одржи двоцифрен оперативен приход во текот на деценијата.

Кога станува збор за автономните возачки системи, Stellantis ќе напредува од актуелното Ниво 2 на Ниво 2+ оваа година, пред да го претстави Ниво 3 во 2024 во соработка со BMW. Ниво 4 и Ниво 5, што значи целосно автономни и самовозачки возила, ќе следуваат подоцна во вид на услуги кои ќе се нудат од Waymo.

Stellantis Jeep

Производството на батериски капацитети ќе се зголеми на 400 GWh, што е раст од 140 GWh во однос на претходните планови. Истовремено, користењето на технологија на водородни горивни ќелии ќе се зголеми од средните комбиња на големите комбиња во 2024 и ќе пристигнат во САД во 2025 со понатамошна експазнзија на големите камиони.

На крајот, една третина од глобалната бродажба до 2030 ќе се одржува онлајн, благодарение на новите дигитални продавници кои ќе овозможат пристап до целото портфолио на производите и услугите на Stellantis.

Поврзани вести

Back to top button