fbpx

Stellantis лансира мали комерцијални возила со водороден погон

Групацијата Stellantis планира да лансира мали комерцијални возила оваа година кои ќе користат водороден погон и ќе бидат наменети за европскиот пазар

Возилата кои користат водородни ќелии за напојување привлекуваат се поголемо внимание, но далеку од тоа дека се популарни насекаде. Недостатокот на станици за полнење е најголемиот проблем за ваквиот тип на погони, но ниту ова не може да запре некои производители да вложуваат сериозни суми во возила со водородни горивни ќелии. Еден од последните кои влегуваат на пазарот со ваков потфат е Stellantis.

Новоформираната мултинационална групација потврди дека ќе лансира цело семејство на „хибридни хидрогенски“ мали комерцијални возила за Европа. Овие модели ќе бидат продавани под Peugeot, Citroen и Opel брендовите, а првите испораки на возилата се очекуваат кон крајот на годината.

https://youtu.be/YEz31wUBD8g

Automotive News пренесува дека комбињата би требало да понудат опсег на движење од 400 километри и кратко време на полнење од само три минути. Инаку, „хибридниот хидрогенски“ погон е називот кој Stellantis го користи за својот погон кој ќе користи горивни ќелии. Сепак, детали околу истиот засега немаме, но познато е дека системот користи 700-барни водородни резервоари без да го компромитираат товарниот простор на возилата. Истиот извор напоменува дека „малата количина на горивни ќелии го напојува електромоторот, кој може да биде полнет од една верзија на plug-in хибридниот систем“, кој во моментов се користи кај голем број на Stellantis брендови. Доколку возилото остане без водород, ќе може да помине 50 километри на струја, благодарение на малата батерија поставена под совозачот.

Водородните комбиња ќе бидат базирани на постоечките електрични возила на производителот, со што трошоците за истражување и развој ќе бидат значително намалени. Новиот погон е развиван во Руселхајм, Германија, а подоцна би можел да се постави и кај патничките возила. Со цел да ги исполни своите планови, Stellantis оствари стратешко партнерство со компаниите Faurecia и Symbio.

Поврзани вести

Back to top button