Stellantis објави тизери за пет концепти во пресрет на SEMA
Во пресрет на SEMA во Лас Вегас следниот месец, групацијата Stellantis објави тизери за пет концепти кои ќе ги прикаже на овој настан
Саемот SEMA се наближува, а за таа цел групацијата Stellantis објави тизер фотографии за пет свои концепти кои премиерно ќе ги прикаже токму на овој настан кој се одржува во Лас Вегас. Возилата официјално се прикажани од страна на Mopar, кој традиционално ги подготвува афтермаркет деловите за американските брендови кои се дел од Stellantis и е дел од самата групација. Брендот вели дека ќе прикаже персонализирани возила со стотици делови и додатоци за време на настанот.
Во соопштението не се откриваат премногу детали за самите возила, па затоа ќе треба да бидеме трпеливи и да почекаме да видиме која точно е намерата на овие концепти. Сепак, фотографиите кои се прикажани прикажуваат некои интересни детали.
Конкретно, прикажан е Jeep Wrangler Rubicon со E беџ кој сугерира дека станува збор за хибриден 4хе модел. Следува цртеж на Ram чиј беџ исто така е во истата нијанса на сино како и 4хе беџовитена Jeep, интересен детал кој исто така навестува дека можеби станува збор за хибрид. По него следува уште еден модел на Ram, како и ентериер на Jeep Wrangler каде фокусот е ставен на прозорци кои ќе бидат инсталирани на покривот. Последниот Jeep тизер се чини дека е класичен Gladiator. Дополнителниот метал врз решетката, големите браници и генералната естетика на SUV моделот прави да изгледа како ретро воено возило.
SEMA настанот треба да се одржи меѓу 2 и 5 ноември во Las Vegas Convention Center. Покрај Mopar, на настанот се очекува да присуствуваат и голем број автомобилски брендови и афтермаркет компании кои ќе прикажат голем број на концепти и дополнителна опрема.