fbpx

Stellantis со посебен фокус на Maserati, Alfa Romeo и DS

Новонастанатата компанија по спојувањето на FCA и PSA, Stellantis, ќе се потпира на Alfa Romeo, Maserati и DS кога станува збор за премиум сегментот

Stellantis планира да вложи огромна сума на пари во трите премиум марки со цел што е можно побрзо да ги постави на здрави нозе. DS ќе добие зголемување на своето портфолио, кај Alfa Romeo ќе мора да се менуваат некои работи во функционирањето, а FCA веќе ја започна обновата на гамата на Maserati.

Според некои информации, Stellantis планира да вложи далеку повеќе пари за истакнатите производители, но и синергијата меѓу нив ќе биде далеку поголема од претходно. Освен тоа, се очекува главната улога во трансформацијата на споменатите марки да одигра и Giorgio платформата на Alfa Romeo.

Станува збор за архитектура со огромен потенцијал, а во моментов е неискористен во целост. За развојот на платформата се потрошени силни пари, но досега е искористена само за Alfa Romeo Giulia и Stelvio. Архитектурата Giorgio ќе биде базата на новите модели на DS и Maserati, но и престојните возила на Alfa Romeo. Според француските медиуми, Stellantis планира да вложи во понатамошен развој на платформата со цел тука да можат да се позиционираат и модели од повисоките класи од D сегментот.

Освен атак во премиум сферата, Stellantis планира офанзива и на други полиња. Најголемиот „напад“ врз конкуренцијата ќе биде во B сегментот и ќе се посвети големо внимание на субкомпактните возила. Тоа ги опфаќа хечбек моделите, но и SUV адутите од B класата. Сите автомобили на Stellantis кои ќе бидат дел од овој сегмент ќе мора да бидат базирани на CMP платформата и сите ќе добијат своја електрична варијанта кои ќе ја користат e-CMP архитектурата.

Ова значи дека во следните години ќе имаме голем наплив на новитети кои ќе пристигнат од Stellantis.

Поврзани вести

Back to top button