Што возат најголемите ѕвезди на „коцкестите“?
Финалистот од сенка, на Светското фудбалско првенство, екипата на Хрватска ги освои симпатиите на целокупната јавност со извонредните игри
Во нокаут фазата сите три меча ги играше по 120 минути, а два реши од пенали, па за нив велат „го оставија срцето на теренот“? Модриќ, Ракетиќ, Манџукиќ, Ловрен, Перишиќ…се новите миленици на фудбалската јавност, херои на СП во Русија. Се величи успекот на „коцкестите“ до височини, но многумина забораваат дека тоа е состав на прекалени европски ѕвезди, да не речеме и први виолини во своите фудбалски клубови за кои настапуваат, па нема ни најмалку да ги чуди познавачите на „најважната споредна работа на светот“ ако се закитат со титулата светски шампион, па ние би додале тоа и го заслужија!
Хрватските фудбалски ѕвезди се и големи фанови на машините на четири тркала и имаат по неколку „лимени миленичиња“ во своите гаражи. Хрватскиот дефанзивец и ветеран во тимот, Ведран Чорлука, имаат сосема различни гледишта кога се автомобиле. Како вели за него секое возило има своја посебна вредност, па и „фиќо“, но сепак вози Porsche Panamera, Ferrari California и Mercedes-Benz G-Klasse.
Доста моќно изгледа и флотата на неговиот соиграч Дејан Лорен. Тој е обожавател на премиум SUV автомобили, па во својата гаража има Porsche Cayenne, Range Rover Sport, но тука е и неговиот омилен Mercedes-Benz S65 Coupe.
И Иван Ракитиќ е интересен кога се во прашање возилата. Неодамна беше забележан зад управувачот на седиштето на Seat Leon Cupra R. Инаку Ракитиќ има BMW 5 и Audi A5 Sportback. Лука Модриќ мора да го вози моделот од спонзорот, Audi Q7 e-tron TDI. Модели од Audi беа дистрибуирани до сите играчи на Реал Мадрид, па ова е задолжително, но не ретко големата ѕвезда на „карлскиот клуб“, може да се види во својот црн Bentley Continental GT. Кратко пред светското првенство ги тестираше хипер изведбите на шведскиот производител Konigsegg.
Хрватскиот напаѓач Иван Перишиќ е поскромен во својот избор на автомобил. Тој управува со VW Touareg. Човекот што ја однесе Хрватска во финалето – Марио Манџукиќ најчесто се идентификува со Porsche Panamera, но не е тајна дека е страствен обожавател на моделите од Mercedes-AMG.