Пристигнува Subaru Crosstrek Hybrid
Subaru и официјално потврди дека кон крајот на оваа година ќе ја збогати својата гама со нова хибридна верзија Crosstrek наменета за американскиот пазар, која во Европа е позната како Subaru XV
Според информациите од компанијата новината Crosstrek Hybrid ќе ја користи Subaru Global Platform, која е инаку дизајнирана и подготвена за модели на хибриден и електричен погон, а под лимаријата ќе биде познатиот plug-in hybrid систем на Toyota.
Сосема очекувано, моделот ќе има погон на сите четири тркала, а со оглед на поставеноста се очекува неговите најголеми вредности да бидат намалената потрошувачка во однос на стандардната изведба, како и голема автономија само на струја.
Иако нема премногу детали околу динамичките способности на автомобилот, сепак се очекува Crosstrek Hybrid да има слични карактеристики како Toyota Prius Prime, која комбинира моќ од 121KС, CVT трансмисија, литиум-јонски батерии од 8.8 kWh и само во режим на електричен погон од 40 km.