fbpx

Subaru ќе прави електрични автомобили со Toyota i Mazda

Јапонскиот производител Subaru се приклучи на новaта Алијанса созадена оваа есен, меѓу Toyota, Mazda и Denso

Тие ја создадоа EC C.A. Spirit Co. LTD, чија цел е развој и производство на електрични возила.

Како што открива претседателот на Subaru, Јасуги Есинага, компанијата веќе испратила свои инженери да работат во новото обединување и во моментов разговара за тоа колку од инвестицијата ќе треба да преземе. Целта на новиот сојуз е прво и основно да се создаде нова платформа на која ќе може да се изградат електрични автомобили од сите видови. Алијансата ќе се обиде да постигне максимални перформанси и функционалност на електрични возила од различни сегменти. Во моментов 90% од новиот потфат е на Toyota, додека Mazda и Denso учествуваат со по 5%. Вкупната инвестиција во проектот изнесува 10 милиони јени.

Subaru

Во новата структура Toyota учествува со својата глобална архитектура TNGA, додека Denso е одговорен за електрониката. Mazda ќе помогне со своето искуство во планирањето на производи и компјутерското моделирање. Учесниците во Алијансата веќе потенцираа дека се подготвени да прифатат и други производители, па очигледно Subaru ќе биде еден од нив. Компанијата веќе долго време соработува со Тоyota, а исто така е добра идејатa да понуди сопствени хибридни и електрични модели наскоро.

Поврзани вести

Back to top button