fbpx

Subaru прави хибрид со технологиите од Toyota Prius Prime

Subaru планира да претстави оваа година нов plug-in хибриден модел, за чие создавање се користени технологии и агрегати кои доаѓаат од Toyota Prius Prime

Ова го соопшти Automotive News, цитирајќи го Такеши Тахимори, шеф на одделот одговорен за техничкиот развој на новиот модел.

Сепак, не е познато точно кој модел на Subaru ќе добие хибриден погон. Тахимори наведе дека хибридот ќе се произведува во Јапонија и ќе биде достапен главно на американскиот пазар. Повеќето продажби се очекуваат во Калифорнија, каде што има програма за развој и регулирање на транспортот и животната средина. Од Subaru прецизираа дека „максимално е искористена” технологијата од Prius, но се направени и некои промени, за да одговара на системот за погон на концептот на актуелните модели на марката.

Toyota Prius Prime

Toyota Prius Prime

Prius Prime е управувано од 1.8-литарски бензински мотор со моќност 97 КС и електромотор со 73 коњски сили, а капацитетот на пакетот литиум-јонска батерија е 8,8 kWh. Хибридот може да помине 35 километри на струја, а максималната километража е 960 километри. Целосното полнење на батериите трае нешто над 5 часа.

Toyota Prius Prime

Поврзани вести

Back to top button