fbpx

Subaru Solterra е електричен SUV развиен заедно со Toyota

Компанијата Subaru конечно ќе влезе во сегментот на електрични автомобили со компактниот SUV модел Solterra кој е развиен заеднички со Toyota

Subaru Solterra е тесно поврзан со Toyota bZ4X концептот кој беше прикажан во Шангај минатиот месец и е заеднички развиен од страна на двата јапонски производители. Моделот ќе пристигне кон средината на 2022 и ќе биде пласиран на пазарите во Европа, Кина, Јапонија, Канада и САД.

Покрај објавувањето на името, кое првично беше Evoltis, за да еволуира во Solterra, Subaru објави и две тизер фотографии кои ги откриваат компактните пропорции на новиот електричен автомобил. Исто така, возилото ќе се одликува со тенки LED фарови, мускулен изглед на хаубата и покривна линија која е благо закривена кон задниот дел. Исто така има и завиден клиренс и заштита на подвозјето.

Solterra електричниот SUV ќе биде поставен на целосно новата и специјално направена ЕВ архитектура наречена e-Subaru Global Platform (e-TNGA) и ќе го добие најдоброто од погонот на сите четири тркала на Subaru и електрификациската технологија на Toyota. Благодарение на способноста за „комбинирање на повеќе модлули и компоненти како што се предницата, средишниот дел и задниот дел од возилото“, платформата ќе поддржи „различни типови на електрични возила“, велат од компанијата.

Од Subaru засега ги чуваат техничките детали во тајност, па оттаму и недостигот на информации за погонот. Сепак, според некои најави, би можел да пристигне со поставка од два електромотори и погон на сите четири тркала, додека пониските верзии веројатно ќе имаат еден електромотор и погон на две тркала.

Solterra името пристигнува од комбинирање на латинските зборови Sol (сонце) и Terra (Земја). Производителот се одлучи за ова име за својот електричен автомобил со цел да и одаде почит на мајката природа и да ја презентира нивната посветеност за доставување на традиционалните Subaru SUV можности во целосно електрично возило. Со други зборови, и покрај тоа што е целосно електричен автомобил, Solterra ќе биде прилично добро „оф-роуд“ возило.

 

Поврзани вести

Back to top button