fbpx

Следниот Subaru WRX STI може да биде и хибрид

Следната генерација на Subaru WRX STI, со која името Impreza оди во историјата, најверојатно ќе се откаже и од 2.5-литарски турбо агрегат, кој ќе му отстапи место на поефикасен мотор

Шефот за продажба и маркетинг на Subaru во Европа, Дејвид Дело Стрито објасни дека овој мотор “едноставно нема да постои во иднина”. Сепак, тој не даде дополнителни детали за следниот WRX STI, објаснувајки дека Subaru внимателно ги следи „развојните системи и погонските системи”.
WRX STI
Гласините за електрификација на Subaru се уште поактуелни во последно време. Се претпоставува дека во автомобилот ќе се појави комбинација на нов 2.0-литарски боксер со турбо, кој ќе ги управува предните тркала, а задните ќе се придвижуваат со електромотор. Така, Subaru ќе го задржи својот познат 4×4 погонски систем и ќе се вклопи во новите барања за намалување на потрошувачката на гориво и на емисиите на штетни гасови.

Новите WRX и WRX STI ќе се појават најрано во 2020 година, двата модела ќе користат новата платформа SGP (Subaru Global Platform), а дизајнот би требало да е еволуција или верзија на оној кој го демонстрира концептот Viziv Performance.

Поврзани вести

Back to top button