fbpx

Следниот Subaru WRX ќе изгледа како Viziv Performance концепт

Subaru веќе го развива WRX моделот од следната генерација, кој ќе биде надграден врз Impreza WRX и треба повторно да биде исклучително популарен меѓу навивачите на рели возењето

Главниот дизајнер на јапонската марка Мамору Ишии изјави за списанието Autocar дека новиот модел ќе биде во стилот на концептниот Viziv Performance и повторно ги разгоре гласините дека најверојатно спортскиот автомобил ќе добие и хибриден погон. Инаку, Viziv Performance дебитираше во октомври на саемот во Токио, а Ишии објасни дека реакцијата на публиката била повеќе од добра, затоа и шефовите на компанијата се одлучиле дизајнот на Viziv да биде употребен за новата WRX изведба, се разбира со сосема мали промени.

1 | Viziv Performance
2 | Viziv Performance
3 | Viziv Performance

    Сериската верзија на следната WRX ќе биде изградена на модуларната платформа Subaru Global Platform, која ќе дебитира кај повеќето претстојни модели на марката. Веќе се знае дека следниот WRX ќе е со погон 4х4 и бензински мотор, а прашањето на хибридизација сеуште не е конечно решено. Сеуште нема официјални информации за техничките карактеристики на идниот WRX, кој треба да биде лансиран во 2020 година.

    Поврзани вести

    Back to top button