fbpx

Судот ги спаси VW дизел изведбите во Дизелдорф

Судот во Дизелдорф не го прифати барањето на еколошките организации Deutsche Umwelthile (DUH) да го забрани пристапот на дизел возила, производство на Volkswagen, на улиците на градот

Делото, односно барањето, е поврзано со проблематичните автомобили на Volkswagen, како последица од глобалниот скандал Дизелгејт, кој избувна во 2015 година во САД, по кој стана јасно дека во светски рамки има 11 милиони автомобили на VW со дизел мотори опремени со софтвер, што дава лажни податоци за нивоата на штетни емисии, кои се емитираат од моторите во секојдневниот живот.

ДизелНа прв поглед, случајот има регионален карактер, но ако DUH успееше да „издејствува“ забрана за дизел возилата, тоа ќе беше многу важен преседан.

Во DUH велат борбата продолжува, бидејќи тие планираат да поднесат слични барања до судовите на уште девет германски градови.

Тужбите проследени со Дизелгејт не се намалија и надвор од Германија. Во Велика Британија две големи адвокатски компании Your Lawyers и Slater and Gordon, почнуваат судски битки против VW во март, а тие претставуваат десетици илјади сопственици на дизел автомобили на компанијата. И листата на случаи во Соединетите Американски Држави се проширува, бидејќи судската постапка трае и натаму.

VW планира да продава само електрични и бензински хибриди по 2025 година, па и без судски битки, деновите на дизел моторите на гигантот очигледно се изброени.

Дизел

Поврзани вести

Back to top button