Super 3 е технолошки најнапредното возило на Morgan досега
Една година откако го згасна својот легендарен 3 Wheeler за вторпат во 113-годишната историја, Morgan се враќа со новиот модел Super 3
Најавен кон крајот на јануари, најновиот модел со три тркала на Morgan го забележа своето деби и ја продолжи 113-годишната исторјја на брендот. Дизајниран и изграден од темел, новиот Morgan Super 3 го има истиот карактер и авантуристички дух како и своите претходници, но исто така е и најконфигурабилниот модел во историјата на автомобилскиот производител до денес.
Основата на новиот модел е алуминиумска монокок платформа, а британската фирма вели дека станува збор за вистински монокок со нагласени надворешни А-површини. Оваа технологија, еволуираната верзија на Plus Four и Plus Six платформите, го прават возилото полесно и му даваат поригидна шасија. Од Morgan велат дека благодарение на ова и кабината на Super 3 е подобро спакувана и сега нуди поголем простор за патниците.
Визуелно, Super 3 можеби изгледа слично кога ќе се спореди со својот претходник, но вистината е дека е инспириран од нешто поинаква филозофија. Имено, 3 Wheeler е креиран во стил на моделите со три тркала од 20-тите години со V мотор, неговата замена влече инспирација од средината до крајот на минатиот век. Како резултат на ова, новиот модел изгледа поелегантно, а највпечатливата промена секако е недостатокот на V-twin мотор меѓу предните тркала.
Дизајниран за авантуристите
Ентериерот на Super 3, со оглед на намената на возилото, е дизајнирано од почеток до крај со авантура на ум. Целата кабина е комплетно отпорна на вода и прашина, дури и интегрираните USB приклучоци и целосно дигиталните округли екрани. Секој елемент во Super 3 е направен од формиран метал, а една од компонентите која е пренесена од 3 Wheeler е копчето за стартување и гасење на моторот, кое е инспирирано од копчињата за лансирање ракети на воените авиони.
За напојувањето на Morgan Super 3 е трицилиндричниот природно аспириран бензински мотор од Ford. Иако нема конкретни бројки, од Morgan велат дека овој агрегат е „моќен, ефикасен и полна со карактер“ и одлично му прилега на Super 3. Моторот е во комбинација со петстепен менувач кој е извлечен од Mazda MX-5 и е идентичен како оној што се користи кај 3 Wheeler. Сепак, трансмисијата мина низ серија модификации и сега е поврзана со карбонски засилен ремен.
Новиот Morgan Super 3 е веќе достапен за нарачка во Европа, а првите испораки се закажани за неколку месеци, а почетната цена во Велика Британија изнесува 41.995 фунти.