fbpx

SUV предводникот на Jaguar ќе добие PHEV погон

Конкурент на BMW X6, Mercedes-Benz GLE Coupe, Audi Q8 и Porsche Cayenne Coupe од компанијата Jaguar, според гласините, се очекува во 2021 со PHEV погон

Станува збор за моделот J-Pace (непотврден назив), односно SUV модел кој ќе се смести на самиот врв на понудата на Jaguar. Според Autocar неофицијално именуваниот J-Pace се верува дека ќе се базира на MLA платформата на Jaguar Land Rover а ќе има 6-цилиндричен турбо бензински мотор во комбинација со електричен мотор кој ќе понуди 80 km автономија.

Jaguar
Jaguar F-Pace 2019

Покрај моќната PHEV верзија Jaguar ќе понуди и стандардна верзија со 4-цилиндричен бензински мотор. Се претпоставува дека моделот J-Pace кој ќе биде поставен над E-Pace и F-Pace, ќе има должина од 4,9 метри и 650 литри багажен простор. Кога на ова би се додала и богатата опрема која се претпоставува дека моделот ќе ја има, како и атрактивниот и елегантен дизајн, тогаш побарувачката за овој модел на компанијата се очекува да биде голема.

Поврзани вести

Back to top button