Радикални промени во луксузниот SUV сегмент во 2019 година
Недостатокот на големи SUV модели од луксузниот сегмент на европскиот пазар ќе заврши во 2019 година
Причината за тоа е лансирањето на новини од BMW и Audi, како и промената на модели кај Mercedes, тврди во својата анализа на пазарот Automotive News Europe.
Во 2017 година, продажбата во овој сегмент падна за 8,8%, односно беа реализирани 246.573, според JATO Dynamics. Само два модели, Land Rover Discovery и Range Rover, се со позитива меѓу првите 10 автомобили во овој сегмент, додека останатите се со евидентиран пад.
На врвот на луксузни SUV изведби, според агенцијата, продолжува да биде BMW X5, следен од Audi Q7 и Volvo XC90. Тоа е што се однесува за моделите, а кај производителите лидер е Land Rover со вкупно 57.125 продажби на трите изданија – Range Rover Sport, Range Rover и Land Rover Discovery. На второ место е BMW со 45.437 продадени модели X5 и X6, а трето – Mercedes-Benz со 45.269 единици.
Појавата на нови модели во 2018 година нема да го промени суштински рангирањето, се очекува тоа да се случи во 2019 година, кога вкупната продажба ќе се зголеми за 8% и ќе ги надмине 300.000 единици, прогнозира компанијата за анализа LMC Automotive.
Еден од новите модели што се очекува веќе оваа година е Audi Q8, Mercedes-Benz типува на G класа, но вистински скок во продажбата кај компанијата од Штугарт треба да биде реализиран благодарение на новата верзија на најпопуларниот нејзин модел во сегментот – GLE, а BMW ќе го прошири своето присуство со X7.
Во 2019 година, Баварците исто така ќе ја понудат новата X5 генерација, која секако ќе помогне да се зголеми вкупната продажба. Британците од Land Rover ќе понудат Range Rover со 3 врати, кој излегува во едиција од 999 примероци, кои веќе се откупени. Компанијата исто така најавува хибридни верзии на Range Rover и Range Rover Sport, кои исто така ќе играат голема улога во оваа класа.
Интересно, продажбата на модели на дизел се намали за дури 10%, а бензинските верзии забележаа благ пораст (+2,8%), но генерално голем победник се електрифицираните модели. Тие забележаа вкупен раст од 10% – односно беа реализирани 40.564 продажби. Tesla Model X е најуспешниот електричен SUV на пазарот засега, но ова може да се промени по лансирањето на Jaguar I-Pace и Audi e-tron.