fbpx

Suzuki произведе 20 милиони автомобили во Индија

Suzuki Motor Corporation објави дека вкупното автомобилско производство на компанијата во Индија ја достигна границата од 20.000.000 единици, со што ова е втората земја во светот, по Јапонија, во која брендот го остварил ова ниво

Производствениот резултат во Индија е достигнат по 34 години и 5 месеци по почетокот на процесот на составување на автомобили на Suzuki во земјата, што е за 11 години и 4 месеци пократок рок во споредба со Јапонија.

Од Suzuki остварија производството на еден милион автомобили во погоните во Индија во март 1994, пет милиони во април 2005, 10 милиони во март 2011, а границата од 15.000 000 беше достигната во мај 2015 година. Најпроизведен во Индија е моделот Alto- 3.17 милиони, потоа следат Maruti со 2.91 милиони, WagonR со 2.13, Omni со 1.94 милиони и Swift со 1.94 милиони.

Во земјата Suzuki составува вкупно 16 модели и модификации, вклучувајќи го Dzire, Baleno, Alto, Swift, WagonR, Vitara Brezza…

Suzuki

Поврзани вести

Back to top button