fbpx

Светска премиера на новата Opel Frontera: целосно електричен SUV на Opel

Новиот целосно електричен SUV на Opel, моделот Frontera, ја доживеа својата светска премиера пред јавноста во Истанбул

Пред неколку недели, Opel ги објави првите слики од новата Frontera. Нов компактен SUV за љубителите на патувањата во природа и за семејствата ја доживеа својата светска премиера. Во Истанбул, Извршниот директор на Opel, Флориан Хуетл, заедно со Марк Адамс, Потпретседател за дизајн и Тобијас Губиц, Потпретседател за производи и цени, ја претставија новата Opel Frontera пред меѓународната публика. Во исто време, беа презентирани ѝ високо конкурентните цени на почетното ниво на опременост (информации за германскиот пазар). Целосно новиот SUV на Opel со пет седишта и бројни практични карактеристики ќе биде достапен како целосно електричен Frontera Electric за околу 29.000 Евра, а Frontera Hybrid ќе биде достапна за околу 24.000 евра на германскиот пазар.

Извршниот директор на Opel, Florian Huettl изјави: „Оваа година славиме 125 години од производството на автомобили во Opel. 125 години во кои секогаш одевме напред, нудејќи им на клиентите иновативна, практична и пред сè достапна мобилност. Целосно новата Opel Frontera сето цврсто го потврдува и за иднината, преку својата: извонредна флексибилност, пространост и електрифицирани верзии. Нашиот нов SUV ќе ги освои новите групи на клиенти.“

За време на презентацијата германскиот бренд исто така објави дека новата Opel Frontera нема да има место само за пет лица, туку во иднина овој модел ќе биде достапен и со седум седишта. Тоа ја прави новата Frontera идеален автомобил за превоз на колеги, пријатели или целото семејство.

Во секоја верзија: робустен изглед и многу практични елементи како дел од  стандардната опрема

Со впечатливиот дизајн, новата Opel Frontera веднаш се издвојува од останатите. Frontera е првиот сериски модел, кој гордо го носи новиот амблем на Opel Blitz во центарот на маската Opel Vizor. Истакнатите лакови на тркалата и праговите, како и впечатливиот C-столб, го нагласуваат робусниот карактер. Модерниот изглед давајќи фокус на најзначајните елементи, беспрекорно се одсликува и продолжува во внатрешноста каде акцентот е поставен на сосема новиот дизајниран управувач и двата широки 10“ екрани. Frontera овозможува и многу практични функции како стандардна опрема, вклучувајќи го иновативниот простор за паметни телефони.

Удобноста за време на патувања е главен приоритет кај новата Frontera. Во предниот дел, возачот и совозачот можат да седат на новите патентирани Intelli-седишта кои имаат лежиште во средината што го намалува притисокот во долниот дел на грбот т.е. завршниот предел на р`бетната коска. Во багажникот може да се сместат повеќе од 450ℓ багаж. Со склопени седишта дури и до 1.600ℓ. А, љубителите на природата кои сакаат да ги поминуваат ноќите на отворено, имаат опција да ја нарачаат новата Frontera со специјални шини на покривот и шатор со скали кои се  наменски дизајнирани за овој SUV. За оваа намена, Frontera може да издржи до 240kg на својот кров.

Фокус на најважното: две верзии на мотори, две нивоа на опременост, едноставно за избор

Интуитивен, достапен и фокусиран на најважното: Opel во секој поглед ги исполнува овие барања со новата Frontera. Од изборот на погонски единици, па сѐ до опциите за опрема и процесот на нарачка.

Новата Frontera е достапна или како хибрид со 48-волтна технологија или целосно електрична. Со почетна цена од околу 24.000 евра, Frontera Hybrid има 1.2-литарски турбо бензински мотор од 74 kW (100 КС) развиен специјално за хибридната верзија. Целосната функционалност е во комбинација со електричен мотор од 21 kW (28 КС) и електрифициран шест-степен менувач со двојна спојка, така што потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 се значително помали во споредба со модел со конвенционален погон. Покрај тоа, Frontera Hybrid ќе биде достапна и со 1.2 турбо мотор од 100 kW (136 КС).

Клиентите во Германија кои сакаат да патуваат без издувни гасови, наскоро можат да ја нарачаат Frontera Electric со опсег од повеќе од 300 km (според WLTP2) за околу 29.000 Евра. Како верзија со „долг опсег“, новата Frontera Electric ќе може да помине до околу 400 km (WLTP2) без да има потреба да се приклучи на полнач.

Opel Frontera

Опремата кај нивоата на опременост на Frontera се подеднакво јасно поставени за клиентите. Ова возило ќе биде достапено или како Frontera или како Frontera GS. Дури и почетното ниво на опременост е значително опремено. GS нивото на опременост ќе има и системи како мултимедијален инфозабавен систем со 10-инчен екран на допир во боја, навигација, како и камера за возење наназад. Клиентите на Frontera можат дополнително да го прилагодат возилото, кон своите желби и потреби, преку двата опционално достапни пакети.

Opel исто така овозможува процесот на купување на новата Frontera да биде појасен и многу полесен. Новата Frontera наскоро ќе биде првиот модел на Opel којшто ќе може да се нарача дигитално преку т.н. „one-scroll-искуство“. Веб страните на брендот се оптимизирани и лесни за користење преку нивната прилагодливост кој која било големина на мобилен уред/таблет, така што корисниците можат едноставно да прелистуваат и кликнуваат на изборот. Во иднина, потенцијалните клеинти ќе можат да го купат возилото онлајн, од удобноста на нивниот дом или како ѝ до сега, со посета на нивниот увозник или овластен дилер во регионот.

Поврзани вести

Back to top button