Светска премиера за шестата генерација на Toyota RAV4

Новата Toyota RAV4 дебитира со 100 км електричен домет, нов хибриден систем, дигитален ентериер и најнова Toyota Safety Sense технологија

Toyota ја претстави целосно новата, шеста генерација на својот популарен SUV модел RAV4, кој сега доаѓа со напредна хибридна технологија, 100 километри електричен домет, нов дигитален ентериер и најнови безбедносни системи. Со оваа премиера, Toyota продолжува да го води патот кон одржлива мобилност и подобрено корисничко искуство.

Робустен дизајн и премиум ентериер

Новиот RAV4 добива модерен, робустен надворешен дизајн, со нагласена SUV силуета и визуелни детали кои ја истакнуваат неговата подготвеност за теренски активности. Внатрешноста нуди просторна и премиум атмосфера, со редизајнирана кабина, подобрена ергономија и нови дигитални елементи.

RAV4 GR SPORT верзијата ја истакнува динамичноста со специјално подесено потпирање, 20-инчни алуминиумски тркала, и спортски дизајнерски елементи инспирирани од GAZOO Racing.

Напреден plug-in хибрид со 100 км електричен домет

Целосно новиот plug-in хибриден систем нуди домет до 100 километри (WLTP) со нова 22,7 kWh литиум-јонска батерија, доволна за секојдневно возење без вклучување на моторот со внатрешно согорување. Батеријата поддржува брзо DC полнење до 50 kW, како и нов AC полнач од 11 kW, што овозможува полнење за околу три часа.

Со вкупна моќност од 304 КС и забрзување од 0-100 км/ч за само 5,8 секунди, новиот RAV4 нуди динамика каква што ретко се гледа во овој сегмент. Првпат ќе се нуди и FWD plug-in хибридна верзија со 268 КС.

Toyota RAV4

Новата генерација на Toyota RAV4 ќе биде достапна и како целосен хибрид, со избор помеѓу погон на предните тркала (183 КС) и AWD-i верзија (191 КС), со подобрувања во трансмисијата, моторот и батеријата за побрз и поефикасен одзив при возење.

Arene платформа – дигитална револуција

Важен елемент кај новиот RAV4 е и дебито на новата Arene софтверска платформа која овозможува првичен чекор кон софтверски дефинирани возила, овозможувајќи редовни бежични надградби и подобрување на дигиталните услуги. Новиот 12.9-инчен централeн екран и 12.3-инчниот инструмент панел нудат напредна визуелизација, вклучувајќи 3D навигација, Google Points of Interest, паметен асистент со гласовни команди, и интеграција со MyToyota апликацијата.

Покрај сето ова, новиот RAV4 го воведува најновиот пакет Toyota Safety Sense, со нови функции како Front Cross Traffic Alert, Lane Change Assist, Secondary Collision Brake, и Advanced Park управување преку смартфон. Со Arene, сите овие системи ќе се надградуваат безжично.

Новата RAV4 ќе се нуди исклучиво како plug-in или целосен хибрид, во согласност со стратегија на Toyota за декарбонизација. Toyota истакна дека моделот ќе се продава во над 180 земји и региони на глобално ниво, а цените за Европа се очекува да бидат познати нешто подоцна.

Поврзани вести

Back to top button