Танак ја освои Финска
Сигурно од стартот до самиот крај, брзо и неверојатно прецизно, без ниедна грешка, со извонредна концентрација, убедливо најдобро досега откако е во елитата...возеше на годинашново издание од релито во Финска, Естонецот От Танак на Toyota
Koлку беше сигурен зборува фактот што оствари најдобро време на вкупно 12 „брзинци“, а беше најуспешен и на специјалниот испир Piower stage, каде без миг на калкулација ги остави зад себе Остверг, Латвала, Невил, Брине и Ожие. Едно е сигурно дека освен во Ожие, водaчот во генералниот пласман Тери Невил, ќе има сериозен ривал и во Танак.
Останува за многумина нејасно зошто водечките во шампинатот Невил и Ожие возеа мошне слабо во Финска. Многумина сметаат дека токму во Финска доаѓа до израз способноста на возачите, бидејќи традиционално ова е едно од најтешките рели во шампионатот, како и конфигурацијата на земјиштето каде се вози.
Се чини дека своја голема улога во триумфот на Танак има шефот на тимот на Toyota, повеќекратниот светски шампион, Томи Макинен, кој секако добро ги познава овие патишта и какви „замки“ кријат тие.
Поради сето ова и на овoгодишното рели во Финска имаше многу излетувања и хаварии. Во ендек се најде Микелсен, а по него излетаа од патот и Есапека Лапи и Катсута Такамото, а на краов се преврте Италијанецот Лука Ботарели. На овој подолг список се најдоа и младиот Финец Паијала, Невил, Темпестинио.
На крајот треба да истакнеме дека Citroen на свој начин го одбележа враќањето на Мадс Отсберг кој беше втори, а големата домашна ѕвезда Јари Мати Латвала на Toyota беше трети. Во категоријата WRC 2 победни домашниот натпреварувач Ерик Пиетаринен, на Skoda.