Најголемиот Seat пристигна во Македонија
Именуван според медитеранскиот град Tarragona, најголемиот SUV на Seat е првиот кој го носи новиот дизајнерски јазик на марката
Стилски, маркантен и самоуверен се само дел од епитетите кои го карактеризираат дизајнот на овој модел. Кабинскиот простор е местото каде што Tarraco блеснува во секој поглед, почнувајќи од квалитетот на вградените материјали, употребата на најнова технологија па сè до вниманието посветено на најситните детаљи. Компанијата Seat одлучи покрај верзијата со 5 седишта како опција се нуди и трет ред седишта. Од таму нагласуваат дека тој не влијае на удобноста и овозможуваат потполн комфор за сите присутни во кабината вклучувајки го и нивниот багаж.
Понудата на агрегати е поделен на 2 бензински (TSI) и 2 дизелски (TDI) двигатели, изборот е помеѓу 150 КС и 190 КС и во двата случаи. Кога станува збор за погонот, кај послабите мотори тој е на предните тркала, а како оција се нуди погон на сите тркала, кој пак е стандарден кај помоќната моторизација. Менувачката кутија може да биде мануелна со 6 степени на пренос или автоматска со двојна спојка DSG во зависност од типот на моторот и горивото кое го користи. Цените на Tarraco стартуваат од 28.400 евра и се искачуваат до 42.063 евра за најопремениот модел.