fbpx

TechArt подготви Carrera S посилна и побрза од Porsche 911 GT3 RS

Откако помина некое време во просториите на тјунинг компанијата TechArt, трилитарскиот boxer мотор кој го напојува актуелниот Porsche 911 Carrera S/4S располага со 530 КС и 630 Nm

Porsche на основата на актуелната генерација на моделот 911 од серијата 992 во иднина ќе претстави и тркачки верзии со ознаките GT3 и GT2 кои ќе бидат значително помоќни и поскапи од сегашната Carrera, но во познатата германска тјунинг компанија TechArt веќе пронајдоа одлично решение кое ќе им се допадне на сегашните и идните сопственици на моделите 911 Carrera S и 911 Carrera 4S.

TecхArt ја прошири понудата на тјунирани возила за Porsche 911 со нови перформансни опции за купе и кабрио моделите од 992 генерацијата. Германскиот тјунер лансираше нов титаниумски спортски издувен систем со динамичен звучен менаџмент. Возачот може да ги подеси звучните карактеристики користејќи го регуларниот прекинувач од режимот за возење. Титаниумскиот спортски издувен систем е 40 проценти полесен од стандардниот со што се овозможуваат подобри перфроманси.

Доколку автомобилот е Carrera S или Carrera 4S опремен со TechArt power kit, менувањето од Normal во Sport или Sport Plus режимите исто така ослободуваат дополнителни 60 КС. Во комбинација со спортскиот издувен систем, TechArt исто така нуди карбон завршетоци за издувните цевки кои се достапни и во мат црна боја.

Кога станува збор за надградбите на моторот, TechArt Powerkit за 911 Carrera S/4S можат да донесат дополнителна моќност. За оние купувачи кои инсистираат емисијата на штетни издувни гасови да остане во фабричките граници, TechArt нуди опција за Carrera S/4S чиј 3,0-литарски шестцилиндерски битурбо boxer мотор, наместо стандардните 450 КС и 530 Nm, располага со 510 КС и 610 Nm максимален вртежен момент.

TechArt

Во игра е и уште помоќна верзија со која со незначително зголемување на емисијата на штетни издувни гасови во 3,0-литарскиот boxer мотор се „сместени“ 530 КС, а вредноста на максималниот вртежен момент изнесува 630 Nm. Тоа е доволно за 911 Carrera 4S со опциониот Sport Chrono пакет и новиот титаниумски спортски издувен систем, од нула до „стотка“ да стигнува за 3,1 секунда и да развива максимални 314 километри на час. Овие перформанси се активираат автоматски кога возачот ќе ги избере Sport и Sport Plus режимите.

Колку добро си ја завршиле работата во TechArt најдобро потврдува податокот дека Porsche 911 GT3 RS 4.0 од претходната Серија 911.2 од место до „стотка“ стигнува за 3,2 секунди и развива 312 километри на час.

Поврзани вести

Back to top button