Технологија која им овозможува на возилата да разговараат со семафорите
Престижните брендови Jaguar и Land Rover со нова технологија која сугерира оптимална брзина на возење со цел да се избегнат црвените светла на семафорите
Позади управувачот, секојдневно се соочуваме со долги минути поминати чекајќи да се вклучи зеленото светло на семафорите, при што резултатот на ова е зголемено загадување на воздухот, како и се поголема нестрпливост и нервоза кај возачите.
За оваа цел, Jaguar и Land Rover развија нов систем кој им овозможува на автомобилите да “разговараат” со семафорите, собирајќи разни информации кои служат во пресметката на вистинската односно оптималната брзина на движење со цел да се погоди комплента серија на зелени светла.
Системот „возило до инфраструктура“ или V2X, уште се нарекува и Green Light Optimal Speed Advisory (GLOSA). Тој е дизајниран да ги спречи колоните кои настануваат на семафорите, при што помага во олеснување на сообраќајниот метеж во урбаните средини.
Компанијата вели дека широкото прифаќање на овој систем ќе ги спречи возачите од брзање со цел да ја поминат раскрсницата пред да се вклучи црвеното светло, при што ќе се добие подобрување на безбедноста во сообраќајот, како и подобрување на квалитетот на воздухот со намалување на наглото забрзување и кочење.
Системот GLOSA моменатлно се тестира во Jaguar F-Pace, како дел од проектот „UK Autodrive“ финансиран од британската влада во вредност од 20 милиони фунти. Покрај овој систем, Jaguar и Land Rover работат и на многу други технологии со кои би се олеснило секојдневното учествување во сообраќајот.
Еден дел од овие технологии, се оние кои би придонеле кон намалување на времето кои возачите го трошат во сообраќајот. Ваков систем е Intersection Collision Warning-ICW, односно систем кој предупредува при опасност од судар на крстосница, при што ги известува возачите кога е небезбедно да се продолжи кон крстосницата. На овој начин, системот го предложува редоследот по кој треба возачите да ја поминат крстосницата.
Друг дел, претставуваат технологиите кои би озбезбедувале информации во реално време за достапни паркинг места, како и за предупредување за приближување на возила на итните служби. Главната цел на развивањето на ваквите технологии е да се постигне една сообраќајна нула, односно нула незгоди, нула метеж и нула издувни емисии.
„Овој систем има потенцијал револуционерно да влијае на возењето, така што ќе создаде безбедни, градови без сообраќајни метежи, а воедно и ќе го елиминира и стресот при возењето. Нашето истражување е мотивирано од шансата да ги направиме идните патувања што е можно поудобни, без стрес за сите наши клиенти“, изјави Ориол Кинтана-Моралес, инженер во одделот за технолошки истражувања на Jaguar и Land Rover.