Tesla ќе прави гига-фабрика во Унгарија?
Унгарската влада и нуди сериозни даночни олеснувања на Tesla Motors, ако производителот на електрични возила сака да гради своја фабрика за батерии во земјата
Ова го најави министерот за надворешни работи на Унгарија – Питер Сијард, цитиран од локалните медиуми.
Според Сијард за државата ќе има огромни придобивки не само од евентуалната изградба на фабриката за батериите на Tesla, но и од привлекувањето на други американски телекомуникациски и IT-компании. Министерот веќе одржа состанок со претставници на производителот на електрични возила, а учесниците во неа се категорични дека токму автомобилите на струја и автономните возила нудат најдобри изгледи во индустријата. Сијард истакна дека евентуалното градење на гигафабрика во Унгарија би било разумен потег, бидејќи во земјата се речиси завршени неколку станици за полнење на електрични возила, а допрва Владата ќе инвестира во инсталирање на уште 3.000 такви.
Министерот додаде дека голем процент од индустрискиот приход се должи на автомобилската индустрија во Унгарија. Повеќе од 100.000 луѓе се инволвирани во неа. Според информациите, Tesla сериозно размислува за предлогот за изградба на европската гигафабрика во Унгарија. Компанијата на Маск, исто така, подготвува и други проекти во кои партнерот ќе биде источно-европска држава.