fbpx

Tesla ја зголемува автономијата на Model S на 650 километри

Се уште не е објавено кога тоа ќе се случи, но Model S веќе сега е блиску до автономијата од 650 километри со едно полнење на батеријата

Според актуелната листа на EPA, Tesla Model S Long Range нуди 600 километри домет со едно полнење. Меѓутоа, во текот на Tesla Q4 2019 конфенрецијата оваа недела, првиот човек на американската компанија, Елон Маск, призна дека бројките на EPA не се унапредени.

Тоа значи дека Model S и Model X веројатно веќе сега можат да поминат повеќе од она што го сугерираат вредностите на EPA. Како што продолжи конверзацијата, Маск се обрати до еден од раководителите на Tesla прашувајќи дали автономијата на Model S веќе сега се наоѓа од 610 до 620 километри.

Тој продолжи со тврдењето дека автономијата од 400 милји веќе е во игра: „Рапидно се доближуваме до дометот од 400 милји за Model S“.

Следното прашање се однесуваше на 2.170 ќелии, кои се користат во Model 3, за кои се шпекулира дека ќе се најдат во Model S и евентуално во Model X, иако тоа во моментов не е случај. Всушност, Маск истакна дека споменатите модели нема да добијат 2.170 ќелии, бидејќи перјаниците ќе продолжат да користат 18.650 единици.

Тој напомена дека Tesla мора да ја користи енергијата ефикасно. Автономијата од 650 километри е значително достигнување, остварено со пакет батерии кои се со иста големина кај другите производители, кои дофрлуваат само до полвина од номиналните вредности на EPA.

Маск заклучи дека се прилично задоволни од енергетската содржина на ќелиите, како и унапредувањата на возилата на планот на ефикасност.

Поврзани вести

Back to top button