fbpx

Tesla Model S стана најбрзо блиндирано возило

Американскиот производител на блиндирани возила Armormax направи специјална верзија на Tesla Model S P100D, која издржува напад од огнено оружје и од поголем калибар

Машината го доби епитетот „најбрзо блиндирано возило на светот”.

За јакнење на подот, вратите, вдлабнатиките и куќиштето за ременот се употребени ламинирани синтетички влакна и специјално термички обработена легура. Стандардните стакла на електричниот автомобил се заменети со повеќеслоен поликарбонат во нив. Компанијата потенцира дека за оваа цел не се користени стандардните лимови, но не дава спецификација за нововградените.

Блиндираната Tesla Model S има дополнителна цврста суспензија, специјални гуми RunFlat и посебна заштита на моторите. И покрај дополнителните карактеристики, тежината на електричен автомобил е зголемена само за 200 килограми во споредба со стандардниот модел (2.289 kg). Oваа Tesla Model S P100D се потпира на два електрични мотори од 773 КС и 967 Nm вртежен момент. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 2,6 секунди, а максималната брзина е 250 km/h.

Поврзани вести

Back to top button