Tesla Model Y со премиера на 14-ти март
Традиционално, директорот на Tesla, Илон Маск го користи профилот на социјалната мрежа Twitter за да најави премиерата на новиот модел во портфолиото на Tesla
Од изјавата на Маск разбираме дека само по 10 дена, односно на 14. март, ќе бидеме сведоци на дебито на целосно новиот Model Y, кој според Илон е SUV модел. Без да навлегува во спецификации, Маск вели дека „Model Y, е еден SUV модел кој е со околу 10% поголем од Model 3 и поради оваа причина ќе чини околу 10% повеќе, а неговата автономија ќе биде малку помала со иста батерија“. Ако се водиме по претставувањето на Model 3 пред 3 години, на 14 март можеме да очекуваме деби на Model Y и паралелно со тоа почеток на резервации за неговото купување.
Model Y unveil event on March 14 at LA Design Studio
— Elon Musk (@elonmusk) March 3, 2019