fbpx

Tesla со нов претседател

Во официјално соопштение, Илон Мaск изјави дека компанијата е на прагот на неверојатно достигнување на база на квартални резултати и ги повика вработените да ги игнорираат сите шпекулации за компанијата, кои се ширет низ медиумите

„Резултатите се важни, а ние бележиме најголем раст во историјата на автомобилската индустрија“, коментира во соопштението Илон Мaск. “Дури Ford Model T, кој го држеше светскиот рекорд за најбрзо растечки автомобил во историјата, не се развил толку брзо како што се има развиено продажбата и производството на Model 3“, изјавил Маск, кој пред неколку дена учествуваше во шоуто на Џо Роган, коментирајќи разни теми.

Во официјалното соопштение кон своите вработени, а и медиумите, Илон Мaск изјавива сериозни владеачки промени како назначувањето на Џером Гулен за претседател на сите автомобилски активности на Tesla. Гулен ќе одговара директно пред Илон за сите автомобилски операции и управување со програмите, а и ќе ја координира мрежата на даватели на компанијата.

Во владеачките редови на Tesla настапуваат уште шест промени со нови вработувања, како новоназначениот потпретседател и претседателот на човечките ресурси во глобалната комуникација и други.

Поврзани вести

Back to top button