Tesla Semi: 800 km со едно полнење и за 5 секунди до „стотка“
Tesla ја покажа својата долгоочекувана камионска изведба за време на специјалната церемонија, на која беше посебно акцентирано дека ова е момент кој во целост ќе ја промени историјата на индустријата за стопнаски возила
Присутните остаа без здив кога Елон Маск истакна дека едно од најкарактеристичните динамички својствa е дека без прикачена приколка, „влекачот“ ќе повлече од место до 98 km/h за само пет секунди, претворајќи се во побрза машина од Alfa Romeo Giuliа и еден цел куп помали спортски автомобили. Ако е максимално натоварен и со приколка, времето за спринт ќе биде околу 20 секунди – апсолутно недостижен рекорд за кој било дизел-камион.
Tesla Semi
Со едно полнење на батериите, камионот ќе патува до околу 800 километри со голема брзина, при што аеродинамиката е исклучително корисна ставка. Според калифорнискиот производител, коефициентот на влечење на камионот е подобар од оној на Bugatti Chiron. Околу 80 проценти од енергијата во батериите ќе биде обновлива за само 30 минути при брзо полнење, што ќе им овозможи на машината да поминува до над 1.000 километри на ден – повторно подобра вредност од дизелските еквиваленти. Засега нема информации за цените, бидејќи Теsla само споменува дека компаниите ќе можат да заштедат околу 200.000 милји километри гориво. Претходни нарачки веќе се прифатени со депозит од 5.000 долари, а производството ќе започне во 2019 година.