fbpx

Камионот на Tesla „уловен“ на улица

Првиот Tesla Semi, кој се појави на патната мрежа во САД, беше откриен веднаш од љубопитните очи на ненамерниците

Видеото со електричниот камион е поставено на канал на YouTube од Брендон Камарго.

Дебито на камионот Tesla Semi се одржа во ноември минатата година. Камионот е опремен со четири електрични мотори кои овозможуваат забрзување од 0 до 100 km/h за пет секунди. При целосно оптоварување со прикачување од 36 тони, оваа брзина се постигнува во рок од 20 секунди. Со едно полнење, Semi може да патува 805 километри.

Tesla Semi

Стартот на сериското производство на Semi е закажано за почетокот на 2019 година. Цената ќе биде околу 150.000 американски долари. Tesla веќе прима нарачки, а до сега, производителот пријави дека има доставено повеќе од 500 побарувања.

Поврзани вести

Back to top button