Tesla ќе гради нова фабрика во Германија
Tesla ќе гради нова европска гигафабрика во близина на Берлин
Долго време, локацијата за европската фабрика на Tesla беше предмет на шпекулации, а Илон Маск, на церемонијата на доделување на наградите „Златен волан“ во Берлин, објави дека не само што ќе се гради фабриката во Германија, туку и во областа на Берлин.
На прашањето од презентерот за дополнителни информации, Маск рече: „Вечерва нема доволно време да разговараме за сите детали. Само можам да откријам дека ќе биде изграден во близина на новиот аеродром“.
На Twitter, тој откри: „Ќе произведуваме батерии, погонски системи и возила, почнувајќи од Model Y“.
Маск не даде други изјави, но пред неколку месеци рече дека европската гигафабрика треба да биде готова до крајот на 2021 година.