fbpx

Tesla започнува со производство во Кина

Производителот на електрични возила има за цел да произведе најмалку 1.000 Model 3s неделно во новата фабрика до крајот на оваа година

Фабриката на Tesla во Кина има за цел да го започне производството овој месец, но не е јасно кога ќе ги исполни зацртаните цели и таргети за крајот на годината, како резултат на неизвесностите околу нарачките, трудот и добавувачите, велат извори со знаење околу ова прашање.

Американскиот производител на електрични возила има за цел да произведе најмалку 1.000 примероци од Model 3s неделно во новата фабрика до крајот на оваа година. Распоредот за масовно производство на фабриката е клучен за надежите на Tesla да ја достигне вкупната стапка на производство на годишно ниво на 500.000 возила до крајот на оваа година.

Tesla

Фабриката од 2 милијарди американски долари е првото место за производство на автомобили на Tesla во странство. Таа доби клучни владини одобренија минатиот месец и е на распоред да започне со производство во октомври, велат изворите.

„Наша цел е да започнеме со производство во октомври, но вистинскиот обем на производство зависи од многу фактори, вклучително и нарачки од автомобили што ги добивме, перформанси на ново ангажирани работници, ланец на снабдување и слично. Сепак, не е јасно кога можеме да ја постигнеме целта од 1.000 до 2.000 единици неделно “, изјави извор на компанијата.

Поврзани вести

Back to top button