fbpx

Тест Ford Focus: Фокусиран кон врвот во класата

Синиот овал продаде речиси 7 милиони компактни автомобили во Европа и над 16 милиони во светот од воведувањето на револуционерната прва генерација на Focus во 1998 година. Што значи дека овој автомобил точно две децении ги освојува срцата на фановите, од таа причина компанијата Ford одлучи за неговиот 20 роденден да понуди нова, свежа интерпретација на компактниот бестселер. Проектиран од нула, целосно новиот Ford Focus воведува нова ера во технологијата, удобноста, просторот и уживањето при возењето, несвојствено за класата на компактни автомобили.

При креирањето на новата генерација на Ford, тимот задолжен за неговото развивање посветил многу време и внимание на проектот, така што разликите со своите предходници се веднаш воочливи. Слушајќи ги барањата на клиентите, четвртата генерација на Focus е развиена „од нула“, сè со цел да обезбеди најинспиративно, интуитивно и несекојдневно задоволство за возачите и искуство за патниците, во споредба со кој и да е друг компактен семеен автомобил на пазарот. Новата генерација со себе носи и нова филозофија на дизајнот, со фокус на клиентот. Истиот комбинира емоционален надворешен стил со водечка во класата аеродинамика, а воедно нуди простран ентериер во комбинација со високо квалитетни материјали и изработка во кабината.

test-Ford-FocusНова силуета и поголеми надворешни димензии

Карактеристичната нова силуета се постигнува главно преку симнување на А-носачот поназад, со избалансирана пропорционалност во средишниот дел, како и облините на C-носачот поставен веднаш над задните тркала. Како резултат на тоа се добива поиздолжен поклопец на мотор и помасивен преден браник, во комбинација со изразеното намалување на рабовите на средната линија, па компактот изгледа помоќен и поелегантен, а не недостасува и спортскиот карактер на возилото. Зголемувањето на меѓуоскиното растојание за 53 мм овозможува тркалата да бидат врежани во страничниот профил на автомобилот со што се намалува чувството за должина и визуелна маса. Поиздолжениот браник позади и поставеноста на каросерија поназад создаваат впечаток за зголемена компактност. Задните светла веќе се составени од два дела, овозможувајќи функционално отворање на капакот на багажникот, а LED технологијата обезбедува карактеристичен светлосен потпис дење и ноќе. Натписот Focus е поставен гордо со одделни букви меѓу задните светла, нагласувајќи првокласната изработка на задниот дел на возилото.

Обемни промени во внатрешноста

Филозофијата на дизајнот од екстериерот се пренесува и во ентериерот, кој нуди пријатна средина со силно чувство за квалитет, постигнат со поедноставени, чисти линии, со експресивен приод, каде што високо квалитетните материјали се одлично интегрирани во површините. Предните врати преминуваат непречено зад инструмент таблата за визуелно простран ефект со чувство за одлична софистицираност. Горниот дел на инструмент таблата и внатрешниот дел на вратите се изработени од меки на допир материјали. Патниците на предните седишта можат да уживаат во повеќе простор за рамената, но не на штета на патниците на задните седишта за кои исто така е обезбедено повеќе простор поради поголемата база и рамниот под. Чувството на просторност е дополнително зголемено благодарение на дизајнот на задните врати, вклучувајќи ги тука и стакла кои се протегаат кон задните носачи. Освен габаритите на кабинскиот простор инжињерите се грижеле и за делот за транспорт на багаж кој треба да одговори на потребите на едно модерно 4 члено семејство, затоа товарниот дел во Focus овозможува волумен од 375 литри, што е во сооднос со конкуренцијата од класата.

Focus ентериер
1 | 
2 |
3 |
4 |
5

    Целосна имплементација на најнова технологија

    Модерното живеење значи и целосна поврзаност на паметните телефони и автомобилот, затоа Bluetooth конекцијата доаѓа како стандарден дел за спојување со системот за комуникација и забава од последната генерација наречен SYNC 3. Управувањето се одвива преку 8-инчен колор екран осетлив на допир, кој е компатибилен со опреативните системи на Apple Car Play и Android Auto. Аудио системот им дозволува на патниците да извлечат максимум од музиката затоа што е калибриран специјално за верзиите на Focus со 5 врати, со цел да се овозможи едно од најдобрите доживувања во било кој автомобил, особено за компактен хечбек. Focus воведува поширок спектар напредни функции од било кој друг автомобил на Ford досега. Новоразвиените технологии кои компанијата ги има вградено во тестираниот примерок ја подобруваат заштитата, управувањето и паркирањето, воедно системите се дизајнирани да го направат возењето поудобно, полесно и побезбедно. Функциите адаптивна контрола на крстарење, системот за препознавање на сообраќајните знаци и системот за одржување на автомобилот во лентата му помагаат на возачот да го задржи растојание од возилата напред, а помагаат за намалување на стресот за време на долгите патувања.

    Мал по обем, пргав по природа

    Во новиот Focus се вградуваат бензински и дизел агрегати од обновената понуда на Ford кои обезбедуваат оптимизирана моќност и одговараат на најновите строги барања на стандардот за емисија Euro 6d, пресметани преку WLTP регулативата. Еден од најдобрите агрегати на денешницата кој во неколку наврати е избран за мотор на годината работеше и под предниот поклопец на возениот модел. Станува збор за 1.0 трицилиндричен турбо EcoBoost мотор на Ford кој доаѓа во издание што располага со капацитет од 125 КС. Иако скептиците веднаш ќе ја оспорат моторната конфигурација со троцилиндарски мотор, слободно може да им порачаме воопшто да не се грижат и пред да ги донесат избрзаните заклучоците да го испробаат моделот со горенаведената моторизација, што може да го направат доколку го посетат салонот на Мида Гранд Моторс во Скопје. Агрегатот работи без вибрации и сосема смирено, одзивот на педалот за забрзување е инстант и делува прилично убедливо во секојдневна употреба. Економичноста на горивото и нискита емисија се подобрени за цели 10% со помош на првиот во индустријата систем за деактивирање на еден од цилиндрите.

    Focus екстериер
    1 | 
    2 |
    3 |

      Што се однесува до перформансите, оваа прилично интересена изведба докажува дека и со ваков тип на агрегат се достигнуваат посакувани перформанси, забрзувањето од место на мирување до 100 км/ч трае точно 10 секунди, а стрелката на брзиномерот продолжува да се искачува кон максималните 200 км/ч. Во константна спрега со моторната единица работи и мануелната менувачка кутија со 6 брзини која се одликува со прецизност и одлично пресметан од помеѓу степените на пренос. Податоците кои ни доаѓаат од  производителот велат дека за секои 100 изминати километри ќе ни бидат потребни 5 литри гориво, што во нашиот случај изнесуваше за литар и половина повеќе од декларираното. Возните карактеристики се како и секогаш на самиот врв на класата, токму од таа причина Ford Focus секогаш се зема како „репер“ кога станува збор за возните особини и управливоста на конкурентските модели од класата. Новата генерација на Focus е првиот глобален автомобил базиран на новата C2 платформа на Ford од кој во иднина ќе произлезе цела лепеза на нови модели.

      Цената на тест моделот е 23.900 евра.

       

       

      Технички карактеристики за Ford Focus:

      Мотор Euro VId TEMP, бензин, четиритактен, тририцилиндерски, водено ладен, сместен напред надолжно
      Работна зафатнина 999 см3
      Пречник и од 71,2 x 82,0 мм
      Степен на компресија 10,0:1
      Напојување две брегасти оски во главата, четири вентили по цилиндар со варијабилни фази на работа, директно вбризгување на горивото, компресор, интеркулер
      Максимална моќ 125 KС (92 kW) при 6.000 min/-1
      Макс. вртежен момент 170-200 Nm при 1.400-4.500 min-1
      Трансмисија на предните тркала преку 6-степен мануелен менувач
      Потпирање напред Мекферсонови нозе, независни попречни рамења, стабилизатор, назад мултилинк, спирални пружини, телескопски амортизери
      Сопирачки напред самовентилирачки дискови, назад дискови, ABS, EBD, ЕЅР, ТСЅ
      Пневматици 205/60 R16 (напред) 205/60 R16 (позади)
      Каросерија хечбек со пет врати, пет седишта
      Должина x ширина x висина 4.378 x 1.979 x 1.452 мм
      Меѓуоскино растојание 2.700 мм
      Траги (напред/назад) 1.572/1.553 мм
      Тежина 1.322 кг
      Максимална тежина 1.855 кг
      Багажник 375 литри
      Резервоар 47 литар
      Максимална брзина 200 km/h
      Забрзување 0-100 km/h 10.0 секунди
      Потрошувачка (отворено/град/просек) 4,4/6,2/5,0 л/100 км
      Емисија на CO2 114 gr/км

       

      Ford Focus во Македонија

      Trend 1.5 TiVCT 123HP M6 17.900 евра
      Trend 1.0 Ecoboost 100HP M6 18.400 евра
      Trend Edition 1.0 Ecoboost 125HP M6 21.500 евра
      Trend Edition Bussines 1.0 Ecoboost 125HP A8 25.800 евра
      Titanium 1.5 Ecoboost 150HP M6 25.000 евра
      Titanium Bussines 1.5 Ecoboost 150HP A8 27.000 евра
      ST-Line 1.5 Ecoboost 182HP M6 26.600 евра
      ST-Line Bussines 1.5 Ecoboost 182HP A8 30.500 евра
      Vignale 2.0 Ecoblue 150HP A6 39.000 евра
      Повеќе информации во Мида Гранд Моторс или на тел. (02) 3073 103

       

      Конкуренти:

      Kia Ceed oд 13.990 до 21.990 евра
      Opel Astra од 16.551 до 27.744 евра
      Renault Megane oд 16.990 до 25.790 евра
      Peugeot 308 oд 17.020 до 50.166 евра
      Volkswagen Golf од 18.757 до 29.411 евра

       

      Поврзани вести

      Back to top button