fbpx

Тест MINI Clubman: Секогаш се важни тие неколку сантиметри

Кога станува збор за MINI, многумина ги асоцира на Mini Morris. Иако компанијата ги следи тие корени, сепак во сегашноста постои цела нова палета на модели

Почнувајќи од моделот One, преку Cooper S до Countryman, моделите на MINI нудат забавно возење со висок квалитет на изработка, а исто така се вметнуваат во различните потреби на клиентите. Во еден краток период имавме можност да се дружиме со уште еден модел со значката MINI. Станува збор за изработката Clubman. Тоа е модел кој има поголеми димензии и е направен да парира на моделите од С сегментот. Со продолженото меѓуоскино растојание и зголемен простор за патниците, како и багажниот простор, MINI Countryman е одличен примерок за градското возење.

Интересно на него се задните врати, велиме задните во множина затоа што има две врати на багажникот кои иновативно се отвораат како на плакар. Зошто се така изработени – поради традиција. Во седумдесетите години на брендот, првиот ваков модел го носел името Countryman или Тraveler, но BMW не ги поседувал правата на името веднаш, па затоа првата генерација на моделот ја крстила Clubman, име за кое поседувале права.

mini clubman

Иако прв пат презентиран во 2015 година, нашиот ред дојде пред неколку месеци да го пробаме и да ги споделиме нашите импресии.

MINI во основа е градски автомобил, но одлично би се снашол и за некоја подолга дестинација. Со оглед на тоа што во главно би се возел низ урбаните места, моделот што го возевме го имаше совршениот погон, односно бензински агрегат со 1.5 литри зафатнина со три цилиндри и моќност од 136 коњски сили. Овој двигател преку шест степената мануелна трансмисија може да го забрза автомобилот од 0 до 100 km/h за 9,1 секунди и да достигне максимална брзина од 205 km/h.

Во условите кои ние го управувавме моделот на информативната табла покажуваше потрошувачка од 9,5 литри на 100 километри, наспроти оние 6,2 пропишани од производителот. Да бидеме реални возењето во спортскиот режим најмногу ни одговараше, па повисоката потрошувачка беше одраз на тоа. На отворен пат како што велат од фабриката, овој „малечок“ би потрошил околу 4,4 литри за 100 километри. За пофалба е и фактот што во градскиот метеж, MINI Clubman испушта околу 140 грама CO2 што го вметнува овој автомобил во „зелените“.

Од повеќе глава не боли..

Дополнителните сантиметри кои ги има втората генерација и тоа како се чувствуваат за разлика од својот претходник. Во MINI Clubman и тоа како може да се превезуваат четворица возрасни личности – комфорно. Предните седишта ја имаат добиено потребната ергономоја и во нив се чувствува потребната удобност. Дури и местото за седење има некој сантиметар повеќе од претходната генерација, па во комбинација со телескопскиот волан допринесува до перфекна положба за управување на возилото. Во овој момент вреди да се потсетиме дека безбедното возење започнува од правилното седење (не лежење) зад воланот и дека секоја обука за возачи започнува со демонстрација на правилното подесување на седиштето.

Во MINI Clubman возачот има одлична позиција, сè е поставено на дофат. Ова е факт дека ергономијата и ориентацијата на командите се наклонети кон левото седиште – возачот. Ова е исто така и нишка која ги поврзува MINI и BMW, а исто така покажува на кој точно се обраќа групацијата преку своите возила. Освен седењето, чувството на управување на ликсузен „картинг“ кое е типично за MINI се добива преку врвната технологија на потпирањето. Начинот на чувството на возењето се добива преку копчето за ражими на кое има три опции.

Освен комбинираното возење, тука се и опциите GREEN и SPORT, кои одлично ги вршат своите функции и сериозно се чувствуваат при управувањето. Опцијата GREEN, го намалува бројот на вртежи на моторот и преку мултимедијалниот систем дава илустрација за економичното управување и штедење на горивото. Спротивно на тоа режимот SPORT го држи моторот на повисоки вртежи и секогаш кога вие е потребно повеќе преку педалата за гас, ја добивате моќта од 136-те коњски сили.

Безпрекорен ентериер

1 | 
2 |
3 |

    Околу LED ефектите во внатрешноста на Clubman не можеме да објасниме со зборови. Компанијата посветила кавалитетно време за разубавување на ентериерот. Внатре во вратите, во рачките за отворање, под седиштата, на кровот и околу мултимедијалниот систем се вкрадени RGB диоди кои се менуваат во повеќе бои и даваат пријатно чувство за време на возењето во ноќните часови. На централната конзола е поставен MINI Visual Boost со 6,5” дисплеј преку кој возачот има голем број на можности. Дополнителна опција на ова е и MINI Connected што овозможува лесно поврзување на автомобилот со паметните уреди.

    И покрај тоа што е споменато при возењето на останатите модели во гамата, не може да ја прерипнеме финтата со менувањето на светлото околу мулитимедијалниот систем кога управувате со него. Исто така при менување на режимите на возење светат различни бои (зелено за GREEN и црвено за SPORT), а во моментот на паркирање и приближување на возилото до границите на сензорите, светлата почнуваат да трепкаат во црвена боја. Нешто што исто така може да го пофалиме во Clubman е подобрената навигација, која во втората генерација е лесна за употреба, прецизна и едноставна. Во кратки црти централната конзола е забавна, прегледна, полна со содржини, модерна и она што е најважно лесна за ракување.

    Екстериер убав за очи

    1 | 
    2 |  
    3 |

      Подобрениот дизајн на надворешноста е појава која секогаш ќе ги краде погледите на минувачите. На познатата хексагонална маска на MINI Clubman, големите тркалезни предни светла им е даден свеж и модерен изглед, додека новите дизајнерски линии додаваат елеганција заедно со впечатливите предни и задни спојлери и аеродинамичните отвори за воздух за предните тркала. Бојата на тестиранот модел беше металната Pure Burgundy која за некого е добар избор, но ние да бидеме искрени би одбрале некоја пожива боја од палетата. Алуминиумските фелни Net Spoke со големина од 17 инчи одлично го исполнуваа просторот на тркалата и даваа изглед на спортски автомобил.

      Дополнително надворешните хромирани елементи заедно го сребрениот кров и капаците на ретровизорите го разубавуват Clubman. Не карактеристичните, но сепак пристапните поделени врати, кога ви се зафатени рацете лесно се отвораат со команда на далечинското и овозможуваат лесен пристап до багажниот простор. Хоризонталните светла, широките контури и атлетскиот став на задниот дел поттикнуваат восхит. Меѓуоскиното растојание од 2.670 mm, должината од 4.253 mm, ширината од 1.800 mm и висината од 1.441 mm го позиционираат Clubman во големата конкуренција во Ц сегментот.

      MINI Clubman е одличен мал-голем автомобил кој е доволен за помало семејство. Со одличната завршна изработка и дополнителните сантиметри, спремен е да се бори на пазарот. Почетната цена на Clubman e 26.310 евра, а моделот со кој имавме шанса да се дружиме неколку дена со вака богатата опрема која му е додадена вреди 36.980 евра.

      Технички карактеристики за MINI Clubman:

      Мотор Euro 6, бензин, трицилиндерски, водено ладен, сместен напред надолжно
      Работна зафатнина 1.499 cm3
      Пречник и од 82,0 x 95,0mm
      Степен на компресија 11.0:1
      Напојување две брегасти оски во главата, четири вентили по цилиндар, турбо полнач, интеркулер
      Максимална моќ 136 KС (100 kW) при 4.400 min-1
      Макс. вртежен момент 220 Nm
      Трансмисија шест степена мануелна
      Потпирање MacPherson
      Сопирачки напред и назад самовентилирачки дискови, ABS, EBD, ESP, TCS
      Пневматици 205/55 R17
      Каросерија хечбек со шест врати, пет седишта
      Должина x ширина x висина 4,253х 1,800 х 1,441mm
      Меѓуоскино растојание 2.670 mm
      Траги (напред/назад) /
      Тежина 1.320 kg
      Максимална тежина 1.890 kg
      Багажник 360 литри
      Резервоар 48 литар
      Максимална брзина 205 km/h
      Забрзување 0-100 km/h 9,1 секунди
      Потрошувачка (отворено/град/просек) 4,4/6,2/5,1 l/100 km
      Емисија на CO2 141 g/km
      Повеќе информации во М-Кар или на тел. (02) 3096 600

       

      Поврзани вести

      Back to top button