Краток тест Mini Countryman S E: Забава во Еко форма
Електрификациската ера ја започна и британската премиум марка, а во „зелениот“ свет влегува со plug-in хибридна варијанта на популарниот Countryman
Британската премиум марка отсекогаш била позната по своите автомобили кои со години наназад доаѓаат со забавни карактеристики и нудат едно поинакво и несекојдневно чувство позади управувачот. Сега, Mini оваа забава ја води кон правец на популарниот електрификациски тренд, а „зелената“ офанзива ја започнува со моделот Countryman. Така, првиот електрифициран модел на компанијата доаѓа како plug-in хибридна верзија, позната како Mini Cooper S E Countryman ALL4. Вака изведениот погон нуди опција за чисто електрична мобилност, при што без емисии, овозможува возбуда на атлетска агилност и врвна разновиднoст.
Традиционален карактер
Најновата генерација на Mini Countryman оди уште подалеку во однос на разноврсноста на моделот, агилноста и врвниот карактер. Дефиниран со зголемено растојание од патната подлога и крената положба на седење, моделот е со уште повеќе потенциран надворешниот изглед. Елементи типични за марката се она што го карактеризираат автомобилот, а тука се вбројува впечатливата покривна линија, хексагоналната решетка и големите LED светлосни единици, кои секако претрпеле еволутивен развој.
Дизајнот на задниот дел е сличен, со големи светла, браник со дифузер и единствен излез од издувниот систем. Отворот за поврзување на кабелот за полнење, кај овој модел доаѓа од двете страни, поставени во предниот дел. Исто така, присутни се и жолти „S“ ознаки со кои се означува верзијата на моделот.
Премиум амбиент
Рафиниран врвен амбиент, модерен приказ и оперативен концепт се она што го отсликуваат напредокот постигнат преку промена на генерацијата. Висококвалитетните материјали и прецизната завршница, модерните, ергономски оптимизирани контроли придонесуваат за ексклузивниот амбиент на автомобилот. Внатрешноста на Countryman се одликува со веќепознатиот дисплеј поставен во центарот, вертикални отвори за воздух, како и карактеристичните прекинувачи во долниот дел на централната табла.
Секако, затоа што се работи за plug-in хибридна варијанта, ентериерот добива специфични елементи, како жолт старт/стоп прекинувач, 6,5 инчен Mini Visual Boost екран, кој прикажува информации за состојба на полнење и режим на работа на хибридниот погон, избран од прекинувачот за вклучување eDrive.
Енергичен Еко погон
Mini Cooper S E Countryman ALL4 комбинира варијабилен просторен концепт на најголемиот член на новата генерација на модели, со одржливоста на технологијата на BMW преку eDrive и електрифицираниот систем со погон на сите четири тркала. Предните тркала се напојуваат од моторот со внатрешно согорување, додека пак за задните тркала задолжена е електричната единица. Plug-in хибридниот модел може да работи само на електрична енергија, не само во градскиот сообраќај, туку и на далеку. Со максимална брзина од 125 km/h, Countryman S E може да измине пат до 40 километри.
Просторот по моторниот капак е окупиран од три-цилиндарскиот 1,5 литарски бензински мотор со Mini TwinPower Turbo Technology. Оваа единица самостојно обезбедува излезна моќност од 136 коњски сили и 220 Nm, благодарение на модифицираниот шест-степен Steptronic менувач. Втората погонска единица е електричниот мотор сместен под подот на багажниот простор, кој располага со 88 коњски сили и генерира 165 Nm максимален вртежен момент. Со вкупна моќност од 224 коњски сили и 385 Nm, Mini Cooper S E Countryman ALL4 забрзува од 0 до 100 km/h за 6,9 секунди.
Батерискиот пакет е изведен со литиум-јонска батерија која се карактеризира со значителна компактност и моќност. Поставена директно пред електричниот мотор под задното седиште, пакетот е составен од пет модули, од кои секоја се состои од 16 ќелии на батеријата, кои како и електричниот мотор, се произведуваат во фабриката Динголфинг на групацијата. Високонапонската батерија има капацитет од 7,6 kWh и поврзана за 3.6 kW полнач, може целосно да се наполни за 2 часа и 15 минути. Времето на полнење на стандарден „штекер“ во домашни услови изнесува 3 часа и 15 минути.
Цената на тестираниот модел изнесува 40.210 евра, кој моментално во специјална пакет понуда може да го добиете за 38.500 евра.
Технички податоци за Mini Cooper SE Countryman ALL4:
мотор | Euro VI, бензински, четиритактен, трицилиндарски, линиски, водено ладен |
работна зафатнина | 1.499 cm3 |
пречник и од | 82,0 x 94,6 mm |
степен на компресија | 11:01 |
напојување | четири вентили по цилиндар, директно вбризгување на горивото, компресор, интеркулер |
максимална моќ на мотор со внатрешно согорување | 136 КС (100 kW) при 4.400 min-1 |
максимална моќ на електричен мотор | 88 КС (65 kW) при 4.000 min-1 |
макс. вртежен момент на мотор со внатрешно согорување | 220 Nm при 1.250-4.300 min-1 |
макс. вртежен момент на електричен мотор | 165 Nm при 0-3.000 min-1 |
системска моќ | 224 КС (165 kW) |
системски макс. вртежен момент | 385 Nm |
батериски пакет | 7,6 kWh литиум-јонска батерија, поставена под задната клупа |
електричен возен опсег | 41 km |
трансмисија | шест-степен автоматски Steptronic менувач, погон на сите четири тркала |
потпирање | напред: независен Мекферсонов систем, назад: независен мултилинк, надолжни водилки |
сопирачки | напред вентилирачки дискови, назад дискови, ABS, CBC, DSC, DTC, EDLC |
пневматици | 225/55 R17 (напред), 225/55 R17 (позади) |
каросерија | хечбек со пет врати, пет седишта |
должина х ширина х висина | 4.299 x 1.822 x 1.559 mm |
меѓуоскино растојание | 2.670 mm |
траги (напред/назад) | 1563/1565 mm |
тежина | 1.660 kg |
максимална тежина | 2.270 kg |
багажен капацитет | 405 l |
резервоар | 36 l |
максимална брзина | 198 km/h |
максимална брзина во ел. режим | 125 km/h |
забрзување 0-100 km/h | 6,8 секунди |
просечна потрошувачка | 2,1-2,3 l/100 km |
емисија на CO2 | 49-52 g/km |
Повеќе информации во М-Кар или на тел. (02) 3096 600.
Конкуренти:
VW Golf GTE | недостапен во МК |
Kia Niro PHEV | недостапен во МК |
Audi A3 e-tron PHEV | недостапен во МК |
Галерија: