fbpx

Тест Škoda Kamiq: Компактен кросовер со сериозни намери

Kamiq е првиот автомобил на Škoda во В SUV (кросовер) класата што ја започнува својата продажна трка во најбрзорастечкиот нов сегмент на автомобили

Возилата од гамата на чешкиот производител важат за паметен избор и добра алтернатива преку која се добива и повеќе од одлична вредност за вложените средства, пред сè допадлив дизајн и проверена механика. Во последно време компанијата тргна во силна офанзива, особено во SUV сегментот каде за краток период претстави два модела, Kodiaq и Karoq, а третиот, Kamiq е првиот автомобил на Škoda во В SUV (кросовер) класата што ја започнува својата продажна трка во најбрзорастечкиот нов сегмент на автомобили.

Разигран дух со храбри карактерни особини

При првата средба со новиот Kamiq веднаш се забележува предниот дел на автомобилот, највеќе поради светлосните склопови. На највисокиот дел од предницата се наоѓаат дневните светла во лед технологија кои изгледаат како веѓи, поставени се над самите фарови кои пак се вградени во одделна рамка. Разиграниот дух кој порано го поседуваа Roomster и Yeti дизајнерите одличиле повторно да го вратат во игра со што на овој компактен автомобил му дава свежина и го издвојува од генеричката слика, покрај техничката функција, оваквата поставеност игра голема улога и во поглед на индивидуалноста.

Надворешност 1 |
Надворешност 2 |  
Надворешност 3 |
Надворешност 4 |  

    Иако  многумина сметаат дека Kamiq преставува повишена верзија на моделот Scala, малиот SUV во својата надворешност имплементира динамични детали и тродимензионални форми преточени во софистицирани течни линии со што го дефинира изгледот на еден модерен и привлечен кросовер со совршени пропорции. Дека овој модел доаѓа од земјата на кристалот ни покажува елементот кој се истакнува на задниот дел. Имено, стоп светлата кои патем се изведени по најновите технолошки трендови се тридимензионало обликувани на најдобар можен начин како би ја интерпретирале изработка на чешки кристал од познатите стари мајстори.

    Трендовска интерпретација на чешката дизајнерска школа

    Внатрешениот амбиент создава комбинација на ергономичност и емотивност, пропратена со типичното ниво на практичност што е препознатлив белег на марката Škoda. На прв поглед се забележува изработката на ентериерот, кој е изведен со материјали кои се меки на допир и прават престојот во кабината да биде пријатен на сите позиции. Кабинскиот простор на Škoda Kamiq го продолжува во континуетет дизајнерскиот јазик по кој е изведен екстериерот. Забележливо е дека чесите имаат пристап и го користат најдоброто од полиците на концернот затоа е многу тешко да се најде некоја посериозна примедба.

    Принципот за градење на внатрешноста е водена од идејата, максимален комфор и функционалност. Комфорните предни седишта, извонредната ергономија, логички распоредените примарни и секундарни команди го прават престојот во кабината пријатен без разлика дали станува збор за кратка релација или подолго патување. Волуменот на самата кабина е и повеќе од доволен за четиричлено семејство. Благодарение на новата платформа на која е поставен Kamiq зголемените габарити најмногу се забележливи во поглед на просторот и удобност за патниците сместени на задната клупа, а за сè да не заврши во кабината се грижи габаритот на багажниот простор чија зафатнина изнесува 400 литри во основната конфигурација. Како дополнување во Kamiq доаѓаат познатите Simply Clever интелигентни решенија на марката кои го прават секојдневието на возачот полесно, тука се отворот за чадор сместен во возачката врата, чистачот за мраз со лупа и мерач за исторшеност на пневматиците, како и батериската лампа која е прикачена во багажниот простор.

    Внатрешност 1 |
    Slide 2 | Škoda Kamiq
    Slide 3 |

      Ни помалку, ни повеќе, туку точно колку што треба

      Кога говориме за моторните опции кај Škoda Kamiq се нуди избор од повеќе единици погонувани од бензинско или дизел гориво. Во моментов на нашиот пазар кај бензинските мотори како единствена понудена опција доаѓа изведбата со трицилиндричен турбо агрегат чија зафатнина изнесува 999 cm3 во две верзии на моќност, а на почетокот од идната година се очекува и пристигнувањето на моќниот 1.5 литарски мотор. Тестираниот примерок ја поседуваше помоќната изведба со 115 КС која ја испорачува е повеќе од доволна за користењето во градски услови и повремени излети на подолги патеки. Автомобилот во оваа конфигурација потегнува без потешкотии, благодарение на влечната сила од 200 Nm која е на располагање од 2.000 врт/мин до 3.500 врт/мин, што за возачите кои имаат спортски аспирации преставува идеална можност за забава. Агрегатот работи во спрега со 6 брзинска трансмисија која се одликува со исклучителна прецизност и релативно краток од при промена на степените. Забрзувањето до 100 км/ч трае 9,9 секунди што е меѓу подобрите во класата.

      Декларираната просечна потрошувачка изнесува 5,1 литри што за време на дружењето не успеавме да ја достигнеме, кај нас во просек трошеше 6,8 литри на секои 100 изминати километри, што се должи на брзото темпо на возење на отворен пат и градските гужви. Максималните 195 км/ч не се никаков проблем за агрегат со зафатнина од еден литар бидејќи автомобилот е изграден од лесни материјали и неговата тежина изнесува само 1.160 kg. За да биде се на страната која го потегнува надворешниот дизајн се грижи подвозјето кое е сетирано кон комфор со доза спортски призвук, што воедно овозможува возилото да се однесува многу софистицирано без разлика дали се управува во град, на отворен пат или на патишта кои обилуваат со свиоци. Самиот начин на лесно управување и комодитет што го овозможува го наметнува најновото чедо на чешката компанија како практичен семеен избор кој е способен да одговари на секојдневно поставените барања на модерниот начин на живеење.

      Марката Škoda е крајно сериозна во своите намери за длабока пенетрација во брзо растечкиот сегмент на компактни кросовери. За таа цел го подготви моделот Kamiq што треба да им се спротистави на етаблираните играчи од типот на Peugeot 2008, Renault Captur & co. За разлика од нив, дозираниот дизајн, можноста да понуди максимален комфор во кабината и одлично одмерени пакети понудени по конкурентни цени моментално го сместуваат Kamiq во самиот врв.

      Цената на тестираниот примерок изнесува 17.970 евра.

      Технички податоци за Škoda Kamiq Ambition 1.0 TSI 115 PS:

      мотор Euro VI d-TEMP, бензин, четиритактен, три-цилиндарски, водено ладен, сместен напред надолжно
      работна зафатнина 999 cm3
      пречник и од 74.5 x 76.4 mm
      степен на компресија 10,3:1
      напојување четири вентили по цилиндар со варијабилни фази на работа, директно вбризгување на горивото
      максимална моќ 115 КС (85 KW) при 5.000 min-1
      макс. вртежен момент 200 Nm при 2.000-3.500 min-1
      трансмисија на предни тркала преку шест-степен рачен менувач
      потпирање напред независен McPherson систем, назад полузависен систем
      сопирачки напред вентилирачки дискови, назад дискови, ABS, ESP
      пневматици 205/55 R17
      каросерија кросовер со пет врати, пет седишта
      должина х ширина х висина 4.241 x 1.793 x 1.553 mm
      меѓуоскино растојание 2.651 mm
      траги (напред/назад) 1.531/1.516 mm
      тежина 1.160 kg
      максимална тежина 1.710 kg
      багажен капацитет 400 l
      резервоар 50 l
      максимална брзина 195 km/h
      забрзување 0-100 km/h 9,9 секунди
      потрошувачка (отворен пат/град/просек) 4,3/6,5/5,1 l/100 km
      емисија на CO2 116 g/km

      Škoda Kamiq во Македонија:

      Škoda Kamiq 1.0 TSI 95 HP Abition 15.710 евра
      Škoda Kamiq 1.0 TSI 115 HP Abition 15.820 евра
      Škoda Kamiq 1.0 TSI DSG 115 HP Abition 15.710 евра
      Škoda Kamiq 1.0 TSI 150 HP Style 19.730 евра
      Škoda Kamiq 1.5 TSI DSG 150 HP Style 21.040 евра
      Škoda Kamiq 1.6 TDI 115 HP Abition 19.250 евра
      Škoda Kamiq 1.6 TDI DSG 115 HP Abition 20.520 евра
      Škoda Kamiq 1.6 TDI 115 HP Style 22.010 евра
      Škoda Kamiq 1.6 TDI DSG 115 HP Style 23.300 евра

      Конкуренција:

      Renault Captur од 16.400 до 22.800 евра
      Peugeot 2008 од 17.190 до 24.780 евра
      Citroen C3 Aircross од 13.990 до 22.190 евра
      Seat Arona од 16.035 до 22.922 евра
      Mazda CX3 од 19.480 до 32.980 евра

      Повеќе информации во Porsche Macedonia или на тел. (02) 2626 266.

      СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ-НИТУ ЕДЕН ДЕЛ, ТЕКСТ ИЛИ ФОТОГРАФИЈА НЕ СМЕЕ ДА СЕ РЕПРОДУЦИРА ИЛИ ДИСТРИБУИРА НА БИЛО КОЈ НАЧИН И НА БИЛО КОЈ ЈАЗИК БЕЗ ПРЕТХОДНА СОГЛАСНОСТ ОД РЕДАКЦИЈАТА НА АВТО ПЛУС. НОСИТЕЛ НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА ВРЗ ТЕКСТОТ И ФОТОГРАФИИТЕ Е АМПТЕАМ ДООЕЛ.

      Поврзани вести

      Back to top button