fbpx

Тест Volvo XC40: Малото Volvo со големи можности

Новиот XC40, најверојатно, во текот на своето постоење ќе стане најпродаваниот модел од понудата на Volvo. Идниот пазарен успех на XC40 се должи на тоа дека моделот едноставно е импресивен и со сразмерно пониска цена од својот поголем брат XC60. Изграден на целосно нова платформа која ќе ја користат сите идни нови модели од серија 40.

Новото Volvo XC40 е толку добро што дури може да се пофали со меѓународни признанија, вклучувајќи ja и титулата за Автомобил на Годината за 2018 година во Европа. Друг податок е тоа што неговата побарувачка е толку многу голема од самиот почеток и се уште трае. Пред да се појави од концернот се пофалија дека имаат повеќе од 60.000 нарачки и тоа без моделот да биде достапен на кинескиот пазар.
Многу пред да го покажат автомобилот во својата сериска верзија, минатата година, Volvo објави дека идејата за оптимална персонализација ќе биде во центарот на новиот XC40. Од брендот ветија дека идните клиенти на автомобилот ќе имаат можност да го конфигурираат својот нов автомобил во бројни надворешни и внатрешни комбинации на бои што ќе го направи модел со најширока понуда во целата историја на марката.

Сега, кога е достапен на пазарот, гледаме дека освен на новите решенија за бои, контрасти на надворешноста, обрнале сериозно внимание и на воведувањето на нови материјали и стилизирани шеми на бои за ентериерот. Уличната мода, градската архитектура, дизајнерските парчиња од највисок квалитет и поп културата – сите беа наведени од брендот како извори на инспирација при изработка на внатрешноста на XC40, а сега имаме можност да го видиме нивното влијание во ентериерот, како главен акцент кој паѓа врз централната конзола.

Наведовме многу нови моменти во XC40, но сепак може да се примети поврзаноста со елеганцијата и ергономијата кои се препознатлив елемент на шведскиот бренд.

Volvo XC40 техника
1 | xc40
2 |xc40
3 |xc40

    Од компанијата направиле чекор напред и преку овој модел на пазарот истакнаа неколку интересни дизајн решенија кои ветуваат подобрен комфор од типот „зошто досега никој не се е сетил“. Централната конзола на новиот XC40 е полна со елементи кои го олеснуваат возењето секојдневно. Тука се специјално оформените држачи за чаши, преградите за монети, картички за плаќање, кабли, просторот за безжично полнење на мобилен телефон и друго. Други интересни карактеристики на автомобилот се дополнителниот простор за багаж во предните врати каде може да се смести дури и некој помал лаптоп или неколку шишиња. Ова го постигнале со отстранување на звучниците, а нив ги замениле со уникатен сабвуфер вграден во горниот дел од централната табла.

    Зборувајќи за типичен Volvo стил, можеби најдобриот пример кој може да биде даден за нивото на изработка на новиот XC40 се наоѓа во еден од најмалите дизајн елементи на интериерот- во елегантно оформените тркалца за насочување на вентилацијата. Класичното ладно чувство за метал тука е комбинирано со исклучително пријатна перцепција за непречено функционирање при ротација.

    Извонредно пријатни се и предните седишта на XC40, кои со нивниот тенок дизајн и елегантно обликувани потпирачи за глава придонесуваат за подобрување на внатрешниот простор.

    Volvo XC 40 ентериер
    1 |
    2 |xc40
    3 |xc40
    4 |xc-40-14

     

      Иако оддамна, петото седиште е мит во автомобилите, да бидеме искрени во Volvo XC40 најдовме доволно простор и за петиот патник.Задните седишта исто така се ергономски, а нивните потпирачи за глава доаѓаат со далечинско преклопување, директно преку копче на дисплејот на таблата. Кај него може да најдете информативен интерфејс кој лесно може да биде управуван од било кој, бидејќи може да се види дека е конфгуриран да биде близок на паметните телефони кои ни се секојдневие. Во овој екран и во оној на инструмент таблата може да се најдат директните врски со системите со кои располага возилото. Како најкарактеристични можеме да ги посочиме Pilot Assist, City Safety, камера за видео надзор назад и други.

      Вградениот инфо-комуникациски систем на Volvo XC40 покрај тоа што ги има сите потребни команди за автомобилот и преку него се контролира сè.

      Ние тука откриваме уште мал, но интересен, гест кој го направиле за идните сопственици на моделот.Во однос на аудио-доживувањето во автомобилот, од компанијата овозможуваат на возачот да биде егоист и да го оптимизира само за него или да биде подготвен да го сподели со сите. А, како дополнување на сето тоа е озвучувањето на Harman/Kardon кое низ своите 14 звучници секако има голема улога во сето тоа.

      Исто така, сите ќе имаат можност да уживаат во новото XC40, благодарение на функционалноста за далечинско управување од апликацијата за мобилни телефони Volvo on Call, која што како што велат од PremiumAGS ќе биде достапна за нивните клиенти.

      Таа им овозможува на сопствениците да со споделат својот автомобил на претставници на семејството или пријатели, а за таа цел од апликацијата се генерира посебен софтверски клуч. Со апликацијата клиентот исто така може далечински да ја отклучува/ заклучува својот автомобил, да испраќа координати за следното патување, да ја следи приказната на работењето на возилото, да ја подесува климатизација и секако да испраќа сигнал за итна помош и друго.

      И покрај компактните димензии, вклучувајќи го и меѓуоскиното растојание и конструкцијата со високи перформанси, Volvo XC40 исто така нуди одлични перформанси на автопат.

       

      Volvo XC 40 екстериер
      1 | xc40

      2 |xc40

       

      3 |

         

        Овој SUV модел совршено се вклопува на патот, телото не се ниша и дава чувство на стабилност и при големи брзини, но е исклучително удобен и во урбаната средина. Нуди изненадувачки добро маневрирање со додадено спокојство од високото седиште.

        Во понудата на агрегати се нудат пет опции. Бензинските агрегати ги сочинуваат три опции. Првата е Т3 со 156 конски сили, потоа Т4 со 190 КС и можност со погон на сите тркала и Т5 со истата можност, но со 247 коњски сили. Кај дизелите во понуда се D3 со 150 коњски сили и D4 со 190 KС. Ние имавме можност да ја пробаме посилната верзија на дизелскиот агрегат со погон на сите четири тркала. Овој погонски систем е комбиниран со осумстепена автоматска менувачка кутија која нуди пргава работа и во рачниот режим на управување. Во моделот кои го имавме на располагање беа вклучени и неколку режими на работа – Off Road, Eco, Dynamic и Comfort.

        Почетната цена на моделот со бензински мотор и навистина богато ниво на опрема, изнесува 34.400 евра.

        Вака спакуваниот модел со сите ставки наведени погоре, во салонот на PremiumAGS може да го најдете за 54.670 евра.Од Volvo, силно веруваат во овој модел, а тоа го покажуваат со факти. Тие се сосема разумно уверени во квалитетите на XC40 и ветуваат дека со него ќе имаат вистински мулти-профилен автомобил, подготвен да ги задоволи барањата на целиот пазар. Пред само некое време моделот беше претставен во хибридна верзија, а следниот чекор во еволуцијата ќе бидат лансирањето на целосен електричен погон.

        погледнете го видеото за тестот од нашата емисија на 24ТВ (секоја недела во 13 часот)

        галерија

        Поврзани вести

        Back to top button