fbpx

Тизер од обновената Panamera и снимка од рекордот на Нирнбургринг

Porsche објави тизер фотографија со која ја најавува обновената Panamera, но и видео снимка од рекордниот круг на патеката Нирбургринг

Porsche Panamera минува низ фаза на рестилизација, а унапредениот модел стана официјално најбрзиот автомобил од Е сегментот на Нирбургринг. Ова е одлична реклама за германската марка, бидејќи денеска рекордите на оваа патека не претставуваат ништо особено освен добра – реклама.

И покрај тоа што прашање е околку било кој автомобил кој ќе постави рекорд на славната патека имаат поврзаност со серискиот примерок и дали сите измени кои се направени можат да се најдат на моделот кој ќе биде во продажба, сепак производителите и понатаму масовно се трудат да ги привлечат потенцијалните купувачи со својот пласман на Нирбургринг. Последниот автомобил во низата е освежената Panamera. Инаку, актуелната генерација на овој адут на Porsche во Е сегментот веќе постави рекорд во 2017 година.

Освежениот модел успеа да го надмине претходниот рекорд (7 минути и 48 секунди), па брзиот круг го заврши за 7 минути и 28 секунди првиот пат, односно три секунди побрзо вториот пат кога се најде на патеката долга речиси 21 километар. Иако германската компанија останува таинствена кога станува збор за автомобилот кој успеа да го постави новиот рекорд, сепак се знае дека станува збор за некаков Turbo модел кој ќе се најде во продажба (најверојатно Turbo S). Иако не се очекува додатоците на конкретниот автомобил да се најдат во продукциската верзија, сепак Porsche најави неколку унапредувања за регуларниот Porsche Panamera Turbo.

Обновената Panamera пристигнува на 26 август

Како и да е, со цел да се овековечи овој момент, од Porsche објавија и видео од рекордниот круг, но и тизер фотографија со која се најавува освежената Panamera која наскоро ќе пристигне на пазарот, односно својата премиера ќе ја доживее на 26 август.

Кога станува збор за освежената Panamera, односно за конкретната Turbo S верзија треба да се напомене дека Porsche најави поголема моќност од 542 КС и 770 Nm колку што денеска развива Turbo моделот. Новата верзија ќе ја носи ознаката Turbo S и своето место ќе го најде меѓу моделот Turbo и најмоќниот модел Turbo S E-Hybrid. Се очекува 4,0-литарскиот битурбо V8 мотор да развива 625 КС и 832 Nm максимален вртежен моемнт, што е значително зголемување на моќноста во однос на Panamera Turbo.

Поврзани вести

Back to top button