Тоа сум јас! – новата Mercedes А-класа
Импортерот за возилата од програмата на Mercedes, компанијата Мак АутоСтар го претстави своето најново остварување, четвртата генерација на моделот А-класа
Импортерот за возилата од програмата на Mercedes, компанијата Мак АутоСтар го претстави своето најново остварување, четвртата генерација на моделот А-класа, на интересен и несекојдневен начин, со помош на прекрасната Викторија Лоба, во холот на Ситимол во Скопје.
Новиот компакт навистина донесува многу нови радикални решенија, а по премиерата во Амстердам кон крајот на минатата година, каде новата Mercedes А-класа беше претставена на посебен настан (која излезе од мистериозната кутија многу слично како и кај нас), новината пристигнува и на македонскиот пазар. Моделот доби ревидиран дизајн, нов ентериер, најсовремена технологија и обновен асортиман на моќни единици.
Четвртата генерација на компактниот хечбек на Mercedes-Benz А-класа е изградена на платформата MFA. Предната суспензија е Мекферсон, а во задниот дел имаме мултилинк. Должината на автомобилот е 4.419 mm, што е 127 mm повеќе од претходникот. Растојанието помеѓу двете оски е зголемено за 30 mm и достигнува 2.729 mm. Багажникот е исто така поголем, сега изнесува 370 литри (29 повеќе).
Дизајнот на автомобилот е во стилот на CLS, претставен претходно, а како што напомена Лоба во својата презентација на најмалиот според димензиите модел на Mercedes-Benz, коефицентот на отпор изнесува 0,25, што е најдобро достигнување во компактната класа. За добрата аеродинамика, исто така, помагаат и специјални отвори на предната маска, кои се отвораат кога е потребно ладење на моторот. Внатрешноста на моделот е подполно променета. Ова делумно се должи на новиот MBUX систем за информации и забава, кој користи два големи дигитални монитори. Опремата на автомобилот, исто така, вклучува и систем за контрола на гласот кој, за разлика од останатите, го препознава јазикот и не бара никакви команди. Возачот може да зборува спокојно без да користи специфични фрази, а системот разбира што сака. На почетокот на продажбата, новата А-класа ќе биде достапна со 3 енергетски единици.
Основна верзија на Mercedes-Benz A200 добива 1.4-литарски бензински мотор развиен заеднички со Renault. Моторот има двоцилиндерски систем за деактивирање, развивајќи 163 КС и 250 Nm. Комбиниран е со 6-брзински мануелен менувач или 7-брзински автоматски со две спојки. Просечната потрошувачка на гориво е 5,1 l/100 km. Mercedes-Benz A250 се потпира на 2.0-литарски 4-цилиндерски мотор со 224 КС и 350 Nm. Друга опција е дизел од 1.5 литри за A180d, кој развива 116 КС и 260 Nm. Овие два мотори може да се комбинираат само со автоматскиот менувач.
Автомобилот ќе биде достапен и за погон на предни тркала и погон на четири тркала. Адаптивни амортизери и динамички избор се достапни како опција, нудејќи четири поставки за моторот, преносот, суспензијата и управувачот.
Цената на базниот модел кај нас ќе започнува од 29.890 евра.