Токио 2017: Subaru Viziv Performance Concept предвесник на следната WRX верзија
Автомобилскиот салон во Токио е место каде Subaru открива свој интересен концепт
Станува збор за студијата Viziv Performance Concept која користи карбонски детали во својата конструкција со цел пониска тежина, важен елемент за новата WRX изведба.
За жал, засега нема карактеристики за најавениот нов боксер мотор. Она што се дознава е дека најверојатно тој ќе има работна зафатнина од 2,5 литри. Целта на концептот според многу стручњаци е да покаже во кој правец ќе се развива дизајнот на следната генерација WRX што ќе видиме кон крајот на деценијата.
Засега нема и фотографии од ентериерот. Но на некои од надворешните слики забележуваме дека возило има голем дисплеј, ориентиран по примерот на Tesla и актуелните модели на Renault. Без разлика дали ова решение ќе остане со сериската верзија, од шпекулациите ова е навистина исчекор за Јапонците во многу елементи, па и мултимедијата.