fbpx

Топ 10 автомобилски групации во светот

По пет месеци од почетокот на годината, VW Group ја задржа лидерската позиција во продажба кај автомобилските групации, евидентирајќи раст од 6.7%, или реализирани 4.576.455 единици

Групацијата само во мај имаше позитива од 5,8%, или пласирани 939.352 возила на глобално ниво. Според податоците на агенцијата Focus2Move разликите во реализација на компаниите во првите три рангирани автомобилски групации се многу мали, Renault-Nissan ја зазема втората позиција со раст од 4,1%, односно реализирани 4.258.343 единици за првите пет месеци од годината, а на трето е Toyota Group со подобрување од 2,2% или 4.054.858 единици.

автомобилски групации

Во Топ 10 на автомобилски групации влегуваат исто така General Motor (3.587.860, + 2,9%), Hyundai-KIA (3.041.139, + 10,1%), Ford Group (2.454.833, -6%), FCA (2.068.521, -0,5%), Honda Motor (1.952.963, -1,2%), PSA (1.882.207, + 3,4%) и Suzuki (1.231.808, + 10,7%).

Во Топ 25 на најголемите автомобилски групи во светот, со најголем раст во продажбата во првите пет месеци од годината можат да се пофалат кинеските SAIC Motor (+ 57%), Geely Group (+ 26,8%), BYD ( + 19,5%), како и индиската TATA (+ 11,5%).

Поврзани вести

Back to top button