fbpx

Топ 10 најпродавани модели во Европа

Ви ја претставуваме листата на најпродавани возила во Европа за првите девет месеци од тековната година

Изминаа првите девет месеци за оваа година, а со тоа и се подготвија новите анализи поврзани со продажбата која ја остварија производителите во изминатиот период од 2018 година.Во прилог ви ја претставуваме листата на 10те најпродавани модели за изминатите девет месеци.

На врвот на оваа листа, убедливо десетта година по ред се наоѓа VW Golf и покрај падот на продажбата за 2% во однос на 2016 година. Овој модел оваа година оствари продажба од 345.814 единици.

На второто место на оваа листа, втора година по ред се наоѓа француското Renault Clio, со продадени 260.297 единици.

Со лансирање на новата генерација во 2017 година, VW Polo доживува пад на продажбата за дури 12%, но сепак овој мал заводник сеуште ја држи третата позиција од оваа листа со 228.257 продадени возила.

Истото сценарио кое му се случи на Polo, го доживеа и новата Fiesta, кој одбележа пад во продажбата за 15% со замената на претходниот модел со нов. Сепак продадените 215.692 единици се доволни за овој модел да се најде на четвртата позиција.

Петтата позиција од оваа листа им припадна на јапонците со најпродаваниот кросовер во Европа, Nissan Qashqai. Оваа година тие оствариле продажба од 194.932 возила.

На шестата позиција се наоѓа Peugeot 208 со продадени 179.756 единици.

И покрај аферата Дизелгејт, германскиот производитеl доминира на оваа листа, па така седмата позиција со продадени 178.875 возила, ја зазема со новата генерација на кросоверот Tiguan.

Французите не се откажуваат лесно, па така на овогодинешната листа со зголемена продажба од убедливи 12% односно 173.755 единици, го заземаа осмото место со заводливиот Renault Capture.

На претпоследното место се наоѓа најпродаваниот модел од Ц-сегментот на Чешкиот производител Skoda, односно моделот Octavia со продадени 172.666 возила за оваа година.

Десетото место го зазема Opel со својот модел од 2014 година, малата Corsa E. Продажбата на овој модел се намали за цели 11% , а досега годинава тие успеаа да продадат 169.674 единици.

Поврзани вести

Back to top button