fbpx

Топ дизајнерите ги избраа најубавите автомобили во историјата

Група водечки автомобилски дизајнери направија рангирање на најубавите автомобили

Во неа спаѓаат главно модели произведени во 50-тите и 60-тите години на минатиот век. Според многумина експерти токму тоа е периодот на автомобилскиот дизајн и низ него се создадени најголемите ремек-дела во историјата.

Идејата за овој рејтинг е на изданието Autobild, а меѓу експертите се некои од великаните во областа на автомобилскиот дизајн: Петер Шрејр, главен дизајнер на концернот Hyundai Motors, поранешниот уметник од BMW и Mercedes-Benz,Пол Брак, Опеловиот маг, Марк Адам.. . Позициите на секое возило се одредени по пребројувањето на гласовите за тоа. Еве го рангирањето на првите пет:

Jaguar E-Type – 1961 година

Првото место е за англиската спортска креација Jaguar E-Type, која е претставена пред публика на автосалонот во Женева во 1961 година. Автомобилот се произведува во текот на 13 години, а се продавал за релативно прифатлива цена. Неговиот дизајн го направил инженерот Малком Сојер. До денес, оваа машина е за многумина едно од ремек делата на автомобилската индустриј, гордоста на британскиот производител.

Mercedes-Benz 300 SL (W198) – 1954 година

По неговото деби во 1952 година, Mercedes-Benz 300 SL (W194) со 175 коњски сили победи речиси на сите трки во кои учествуваше. Премиерата на стнадардната верзија беше во 1954 година на салонот во Њујорк. Три години подоцна блесна и Roadster 300 SL. Изгледот на автомобилот беше создаден од група дизајнери предводени од Карл Вилферт. Вратите на автомобилот се отвораат нагоре и наликуваат на крилја, па 300 SL го добива прекарот Gull wing.

најубавите автомобили
Mercedes-Benz 300 SL (W198) – 1954 година

Lamborghini Miura – 1966 година

Третата позиција е за купето со централно поставен мотор Lamborghini Miura, што се произведува од 1966 до 1973 година. Дизајнот на автомобилот е развиен од легендарното студио Bertone на маестро Марчело Гандини. Моделот се продава во три модификации – P400, P400S и P400SV. Во 2006 година во чест на 40-годишнината на моделот компанијата Lamborghini создава и прототип – Miura Concept, од кој е направена една единствена изведба.

најубавите автомобили
Lamborghini Miura – 1966 година

Porsche 911 – 1963 година

Премиерата на пред-сериското издание на Porsche 911 се одржа на салонот за автомобили во Франкфурт во 1962 година, а автомобилот беше лансиран една година подоцна. Дизајнот е дело на внукот на основачот на компанијата, Фердинанд Александер Порше. Првото Porche 911 се задржува на пазарот до 1974 година. За овој период возилото се пушта во различни модификации и брзо се стекна со огромен успех.

најубавите автомобили
Porsche 911 – 1963 година

Ferrari 250 GT 1959 година

Во 1953 година, Ferrari ја направи луксузна верзија на 250-ММ спортски автомобил, која го доби името 250 GT Europa. До крајот на 50-тите овој модел беше издаден во неколку верзии, вклучувајќи и варијанти за трки. Извонредната каросерија беше создадена од уште едно големо име во историјата на дизајнот – Џото Бизарини.

најубавите автомобили
Ferrari 250 GT 1959 година

Во ТОП-10 влегуваат уште Citroen DS19 (1955), BMW 507 (1955), Bugatti Type 57 (1934), Ferrari 250 GTO (1962), Alfa Romeo Tipo 33 Stradale (1967).

Поврзани вести

Back to top button