fbpx

Прва фотографија од болидот на Toro Rosso

Вториот тим на Red Bull во F1, Toro Rosso организира најинтересно „претставување" на новиот болид оваа зима, откако пoнуди на интернет фотки на новиот STR13

Со оглед на тоа дека тимот организира шејкдаун на новиот болид на италијанската писта Мизано, беше прашање на време кога на интернет ќе се појават фотки на STR13.

Од Toro Rosso не чекаа , „тајно“ пуштија слика и тоа професионална. Брендон хартли беше првиот кој седна зад управувачот на новиот болид на мократа италијанска писта, а Пјер Гасли изјави дека болидот и системот за погон на Honda не покажале ниту еден дефект во текот на тестовите и посебно нагласи дека не се шегува.

McLaren се раздели со Honda на крајот на 2017 и се договори за мотори со Renault. Јапонците сега работат со Toro Rosso, а идејата е, ако се решат проблемите, да станат добавувачи и на Red Bull, чиј договор со францускиот автомобилски гигант истекува на крајот во 2018 година и во Renault сосема разбирливо, не се подготвени да го продолжат.

Поврзани вести

Back to top button